Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми прави песна“
Види, тоа што се случи, се божји патишта. Јован и Магија беа ултра популарни во тој момент.
Веројатно да бил некој друг - кај него ќе сум отишол на врата. Јас легнував и се будев со таа желба да пеам, да се бавам со оваа работа.
И така беше. Преголемата желба ме донесе до Јован. Тогаш може имало 2 студија кај нас што снимаа таква музика, немав ни финансии, ни познавав некого апсолутно, никакви линкови со пејачи.

Во тоа време немаше мобилни, јас бев четврта година во средно Владо Тасевски и имав другар Љубен од Велес.
Двајцата сакавме да снимивме нешто. Во Велес дошле девојките од групата Ин, имале настап и тој влегол во комуникација со нив и дознал дека Јован живее во Радишани, на првиот влез.
И му викам - „Ќе го најдам јас“.

Утредента, влегов во 57-ца, отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован, ми ја покажаа бараката и заѕвонив.
Дедо му ми отвори. Сега да ми кажеш да одам така да побарам некој, би те прашал дали си нормален.
Али во тој момент не владееш со тебе, ако имаш желба преголема нема нешто што ќе ти застане на патот. Тогаш првпат во животот отидов во Радишани.
И го прашав дедо му дали е Јован таму. „Јошко, дојди те бара едно дете“, викна и тој се симна по пижами.
„Јас би сакал песна да ми направиш“ му реков. Ме праша кој ме прати, му реков „никој“. Ме погледна и рече „Ај влези“. И така почна“, вели Елвир.

Погледнете го интервјуто:
А. Ј. | Црнобело