Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми прави песна“
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
„Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја покажаа бараката. Ми отвори дедо му. Прашав дали е Јован таму. Ме праша кој ме прати, му реков „никој“. Ме погледна и рече „Ај влези“. И така почна“, вели Елвир.

Елвир Мекиќ наголемо се подготвува за концертот на 6 јуни во Скопје, кој ќе биде заеднички со неговиот најдобар пријател, соработник, но и кум, Јован Јованов.
Кога Елвир решил да се занимава со музика, Јован веќе бил вистинска ѕвезда заедно со момците од групата „Магија“, а Елвир им бил фан.
И затоа решил да го најде Јован и да заѕвони на неговата врата, да побара од него да му направи песна.
Сето ова, Елвир го раскажа во подкастот на Стефан Лазаров, каде што зборуваше за детството, кариерата, животот некогаш и денес, но и за запознавањето со Јован.

Запрашан за детството, тој раскажа:
„До својата 9 година живеев во Хиподром, имав преубаво детство, а потоа се преселив во Чаир. Имам постар брат и помала сестра. Татко ми работеше, мајка ми се грижеше за нас.
Бевме просечно македонско семејство, но тие се трудеа секогаш да имаме сè, да не бидеме различни од другите деца.
Во Чаир мора да тренираш фудбал, јас тренирав 6-7 години. Прво во „Балкан“, па „Слога“. Не бев преталентиран, брат ми беше поталентиран од мене, само не беше упорен.
Другарите одеа на фудбал, ќе одиш и ти, нема да седиш сам пред зграда. А и да се тргнеш од улица.

Татко ми нè воспитуваше, прво дека не смееш да лажеш, второ дека не смееш да крадеш, трето дека не смееш да се впуштиш во криминал. Дрога, цигари, тоа никако.
И денес ако запалам некад цигара, си мислам, татко ми од негде ме гледа, а починат е веќе неколку години.
Растени сме под негова заштита - сме биле цело време на улица, ама цело време нè контролирал, и затоа сум му многу благодарен.
И до последниот ден додека дишеше, тој имаше голем авторитет над нас“.

Елвир долги години е најдобар другар со Јован Јованов, а зад нивното запознавање стои една интересна приказна:
„Јован и јас сме генерација, ама тој многу порано почна да пее, мислам на 15 години, уште во средно школо. Групата Магија беше атракција.
Ако ме прашаш како кој сум сакал да бидам, кои ми биле примери, тогаш тоа се тие. Сме ги слушале Ерзана, Тоше покоен, Врчак, Даскал, Јован...
Сум бил фан на Јован и на Магија и дека сум бил во публика на нивниот прв концерт на Кале... 3-4 години подоцна, веќе станавме соработници, другари, а денес сме веќе кумови.
