Камионџијата Андруш, што се прослави со „Оди ѕвездо“, едвај останал жив: „Имав страшна сообраќајна незгода со 11 скршени ребра“
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
„Се разбудив во костозглобна болница, ги молев да ми дадат вода, а не сум смеел да пијам вода, бидејќи било за операција. Имав 11 скршени ребра, ногата ми е цела титаниум полна, левата, главата ми е шиена и оттогаш ми се смени сè. Како пола човек, како да кажам, не ми е повеќе ништо исто“, емотивно вели Андруш Ангелковски, нашиот омилен камионџија кој беше вирален хит, а се појави дури и на Златна Бубамара со Наум Петрески.

Се сеќавате ли на камионџијата Андруш Ангелковски? Македонецот кој стана хит со видеата како пее песни додека вози камион низ САД.

Неговите видеа имаа огромен број прегледи, сите го прогласуваа за позитива на денот, а тој стана вирална ѕвезда со препевот на песната „Оди ѕвездо“ на Наум Петрески, а потоа заедно со него се појави и на Златна Бубамара.


Коментарите за него гласеа:
„Андруш, алал нека ти е, ти си доказ дека животот е многу убав и лесен со песна! Многу може да научиме од тебе... Затоа те слушам со задоволство, да се потсетам колку сè може да е лесно, ако го живееме моментот! Уште еднаш, ти си закон!“
Каде е и што прави денес Андруш?
Тој е по потекло од Ресен, но и денес живее во САД, но во подкастот на Марија во Америка, откри дека денес се чувствува како половина човек по тешката сообраќајна незгода што ја доживеал на мотоцикл.

Неговата емотивна исповед:
„Имав многу тешка сообраќајна незгода, фала му и слава на Господ, останав жив.
Тие спори беа, дали беа две возила или не знам како, и јас влегов да претекнувам.
И како што влегов да претекнувам, тогаш некој, не знам ни кој е, ме удри во задниот куфер и кај карпите, тука јас паднав, и толку беше, оттаму ништо повеќе не знам.
Не се сеќавам ништо.

Се разбудив во костозглобна болница, ги молев да ми дадат вода, а не сум смеел да пијам вода, бидејќи било за операција, а операција не ми прават.
Имав 11 скршени ребра, ногата ми е цела титаниум полна, левата, главата ми е шиена и оттогаш ми се смени сè.