Камионџијата Андруш на тема брак: „Уф, фала ти, скраја било, за што ќе ми е - за да умрам побрзо?“

„Зошто, што ми фали сам, си ‘рчам на раат... Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, па да ме удри со нешто по глава и да не се разбудам повеќе?“, шеговито вели камионџијата Андруш на тема зошто не ја бара вистинската.

kamiondjijata-andrush-na-tema-brak-uf-fala-ti-skraja-bilo-za-shto-mi-e-za-da-umram-pobrzo-01.jpg

Се сеќавате ли на камионџијата Андруш Ангелковски? Македонецот кој стана хит со видеата како пее песни додека вози камион низ САД.

Неговите видеа имаа огромен број прегледи, сите го прогласуваа за позитива на денот, а тој стана вирална ѕвезда со препевот на песната „Оди ѕвездо“ на Наум Петрески, а потоа заедно со него се појави и на Златна Бубамара.

kamiondjijata-andrush-na-tema-brak-uf-fala-ti-skraja-bilo-za-shto-mi-e-za-da-umram-pobrzo-04.jpg

Каде е и што прави денес Андруш?

Тој е по потекло од Ресен, но и денес живее во САД, но во подкастот на Марија во Америка, откри дека денес се чувствува како половина човек по тешката сообраќајна незгода што ја доживеал на мотоцикл.

kamiondjijata-andrush-na-tema-brak-uf-fala-ti-skraja-bilo-za-shto-mi-e-za-da-umram-pobrzo-05.jpg

Aндруш никогаш не бил во брак, а на тема вистинската, вели не ми треба тоа.

Марија во нејзиниот подкаст Марија во Америка му вели „Сам не се живее...“, а Андруш коментира:

„Зошто, што ми фали, си ‘рчам на раат? Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, па да ме удри со нешто по глава и да не се разбудам повеќе“.

Марија вели „А вистинската ако ја најдеш“:

„Која е таа жити сè, да не знаеш? Kaj e таа, да ја побарам да одам?

Навигација, што треба да вклучам? Вистинска, која е вистинска? Ќе се појави - ама на сон“.

Марија го прашува: „Бараш ли барам?“, а Андруш вели:

„Барам како не, имам детектор купено“.

kamiondjijata-andrush-na-tema-brak-uf-fala-ti-skraja-bilo-za-shto-mi-e-za-da-umram-pobrzo-02.jpg

А на прашањето дали е отворен за нови девојки, вели:

„За што ќе ми се нови? За да го умрам побрзо?“

На тема женачка, вели:

„Уф, фала ти, скраја било.  Немам јас против жена ништо. Да не ме сфатат жените сега, некако во мене е грешно нешто.

На прашањето ти се додворуваат ли жени...

„Има такви. Не ми е мене само да имам некоја жена“, заклучува Андруш и со тоа порачува дека одлично му е сам.

Кликнете за изјавата:

Целиот подкаст погледнете го тука:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...
Гоце Тодоровски (74) стави тетоважа - Ангелски крилја по изјавата дека тајна за успешен брак е „да и... „Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровс...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Актерот Висар Вишка се венча со саканата, 3 години откако го добија првото дете - невестата со косту... Актерот Висар Вишка стапи во втор брак, а со саканата Мерима се венчаа во Скопје...
Таско со порака за 1-иот роденден на ќерката „Крофно моја, фала што ме направи подобар човек“ „Не знам кај ќе нè носи патот низ животов, но знам дека кога надвор ќе врне, ќе ...

Најчитани неделава