Актерот Висар Вишка се венча со саканата, 3 години откако го добија првото дете - невестата со костум и бидермаер направен за еден час
- Детали
- петок, 05 септември 2025
Актерот Висар Вишка стапи во втор брак, а со саканата Мерима се венчаа во Скопје - со нив беа и нивните две деца, Хана и Еди.

Актерот Висар Вишка и неговата сакана Мерима се венчаа вчера (04.09) во матичната служба во Порта Македонија.
Тие направија мала венчавка, само со неколку свои најблиски, а меѓу нив беа и нивните две деца - ќерката Хана (3) и синот Еди, кој се роди пред неколку месеци.
Невестата носеше бел костум, додека актерот беше облечен кежуал, во црн костум со бела маичка.
По ова, тие заминаа на ручек во ресторан на плоштадот во центарот на Скопје.

Фотографии од венчавката Висар и Мерима објавија на Инстаграм, а невестата напиша:
„Денес беше најспецијалниот ден во мојот живот. Од срце ви благодарам ‘Мое студио Дадар’ за совршената шминка и фризура - точно како што сонував!
И голема благодарност за бидермаерот, успеавте да го направите мојот букет од соништата за помалку од 1 час“.

Инаку, ова е втор брак на Висар.
Од првиот брак, со водителката Елена Митева, тој го има синот Дион.
Погледнете повеќе фотографии:





А. Ј. | Црнобело