Таско со порака за 1-иот роденден на ќерката „Крофно моја, фала што ме направи подобар човек“
- Детали
- петок, 26 септември 2025
„Не знам кај ќе нè носи патот низ животов, но знам дека кога надвор ќе врне, ќе бидам твојот чадор. Кога ќе е ладно, ќе бидам тука да те стоплам. Кога светот ќе се руши, ќе направам нов“, напиша Таско во роденденската порака до ќерката Кирјана.

Христијан Тасковски - Таско ја обожава својата ќерка Кирјана, која денес полни 1 година.
За нејзиниот роденден тој направи слатко видео, од снимки кои досега не ги објавил, а во кои споделува заеднички семејни моменти - Кирјана во болница по раѓањето, додека ја храни, како си игра со неа, ја заспива.

Во видеото може да се види и братската љубов што кој Кирјана ја има првото дете на Таско и неговата сопруга Наташа - синот Лукијан.
„Не знам кај ќе нè носи патот низ животов. Но, знам дека кога надвор ќе врне, ќе бидам твојот чадор.
Кога ќе е ладно, ќе бидам тука да те стоплам.

Кога светот ќе се руши, ќе направам нов.
Кога животот ќе те бутка, ќе бидам позади тебе.

Не можам да бидам тука засекогаш, но ветувам дека сè дур дишам, ќе ја имаш мојата заштита, поддршка и љубов.
Среќен роденден крофно моја, и фала ти што ме направи подобар човек“, напиша тој.

Кликнете да го погледнете видеото:
А. Ј. | Црнобело
