Презентерката Бубе Јаневска води вести во сакото од својата почината мајка: „Највредното парче во мојот плакар“
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
„Има облека што се купува, а има и облека што има душа. На вести со најубавото сако - она на мајка ми. Емотивно поврзана, горда и бескрајно благодарна што носам дел од неа со себе...“, вели Бубе Јаневска за сакото од својата почината мајка.

Презентерката на вести, Љубица Бубе Јаневска, е едно од најпрепознатливите телевизиски лица кај нас.
Секогаш средена, Бубе изгледа одлично на ТВ екраните, но и надвор од нив.

Поради работата, нејзиниот стил за на вести се разликува од приватниот.
Но, овој пат на вести се појави во омиленото модно парче кое го поседува, а тоа е едно бело сако од нејзината почината мајка.

Бубе за овој аутфит вели:
„Има облека што се купува, а има и облека што има душа. На вести со најубавото сако - она на мајка ми. Емотивно поврзана, горда и бескрајно благодарна што носам дел од неа со себе...
Највредното парче во мојот плакар. Ми недостигаш!“.

Инаку, Бубе во интервју за CRNOBELO.com во една пригода зборуваше за својот моден стил:
„Стилот што го негувам последниве години е лежерен.
Секој ден се заблагодарувам што дојде модата на патиките и рамните чевли и што модните трендови сега дозволуваат разно-разни комбинации со кои, од една страна изгледаш модерно, а од друга - удобно.

Кога ќе се сетам дека пред 15-тина години секаде одев на штикли и дека најмногу трошев пари за чевли на потпетици, си велам „Леле, како сум издржувала“.
Но, ете со текот на времето се менуваат приоритетите. Некогаш ми беше битно да изгледам привлечно, елегантно и модерно, а сега единствено што ме интересира е само удобноста и со леснотија да чекорам во денот.
