Раскинаа Александар Динев и Евче, се огласија со заедничка објава: „Веќе 4 месеци не сме заедно“
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
Во стилот на светските ѕвезди, кои преку јавни заеднички соопштенија откриваат дека раскинале или се разведуваат, Александар Динев и Евче открија дека веќе не се заедно.

Александар Динев и Ева Јовановска - Евче, кои повеќе од една и пол година беа во врска, веќе некое време не се заедно.
Некогашниот пар пред неколку месеци престана да споделува заеднички фотографии и видеа, а многу од заедничките фотки одамна се избришани од нивните профили.

Ова ги поттикна гласините дека веќе не се пар, а тие сега го потврдија тоа преку заедничко соопштение на Инстаграм, кое, како што напиша Александар, ќе биде тргнато од нивните профили по една недела.
Па, по теркот на светските ѕвезди кои заеднички ги соопштуваат вестите дека веќе не се заедно и бараат приватност од медиумите и јавноста, и Александар и Евче решија да се огласат на истиот начин.

Во нивната објава пишува:
„Веќе некое време размислуваме како да го споделиме ова, затоа што не е лесно да се зборува јавно за нешто што за нас е многу лично.
Бидејќи нашата врска беше јавна од самиот почеток и бидејќи многу од вас постојано нè прашуваат за истата, чувствуваме дека е најискрено ова да го споделиме со вас.

