Кире, татко на загинатиот Диме во Кочани: „Со бремената снаа го видовме без знаци на живот – ме молеше да му помогнам, следниот ден му се роди дете“
Кире е еден од оние кои доаѓаат на секое судење поврзано со трагедијата и седи зад обвинетите, по неколкупати во месецот слуша сведоштва, гледа докази, поврзани со последните часови од животот на неговото дете и другите загинати.
„Судскиот процес секојпат ја отвора раната и ја расчепкува и никако да заздрави да престане да крвави.
Веруваме дека до крајот на процесот многу непоставени прашања ќе бидат поставени и одговорени, ќе имаме јасна слика што се случило, каде системот потфрлил, кој не постапил итн.
4-5 судења во месецот, со секое ново рочиште раната ја чепкаме, не дозволуваме да заздрави, ние родителите и потесен круг на семејствата, тоа сите нас нè потресува, влијае на животот, на секојдневната комуникација.
Не е лесно кога ќе отидеме во судница на рочиште, кога гледаме како некои работи се извртуваат, некои факти се толкуваат на кој како му одговара, а сите сме свесни каква е вистината“ - вели Кире.
За крај, Кире доби тешко прашање, што би му кажал на синот, ако некако може да му испрати порака, на што со многу емоции одговори:
„Ако постои најмала шанса во кој било момент да бидеме заменети, јас да бидам во царството на мртвите, а тој жив да си живее со сопругата и дечињата, да ѝ се радува, животот беше пред него...
Да му кажам да верува дека правиме сè што можеме јас и сопругата да помогнеме на снаата, во подигањето на тие две невини душички, додека сме живи ќе помагаме.
Тие ни се како аманет и тие ни се волја за живот“.
Погледнете го видеото од подкастот:
M. M. | Црнобело