Ина МногуФина за траумите од хаосот на грчка граница: „Оди на Дојран рекоа, нема толку гужва – чекав 5 часа“
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2026
„Чекав 4 часа, чекав 5 часа, имав среќа чекав 2 часа“, дали и вие слушавте вакви информации од пријатели кои викендов „собраа храброст“ да заминат на море во Грција? Но, хаосот не е само на Евзони, туку и на преминот кај Дојран, а Ина МногуФина живописно сподели каква ситуација доживеала.

Гужвите на граничните премини кон Грција изгледа ќе бидат хит тема цело лето.
Дали сте меѓу оние кои ќе „соберат храброст“ да заминат на море?

Ина МногуФина беше една од нив, но по враќањето, во саботата на својот Фејсбук профил сподели:
„Иди на Дојран рекоа, нема толку гужва. И јас вчера отидов.
Читам вести се чекало до 40 мин, ај си викам ќе се издржи. 5 саати.
Една колона споена со нашата граница до бензиската, затнато све. Две шалтерчиња ама колоната се дели во две таму дури пред шалтерчињата.
Неколку препаметни мислеа ќе скратат преку тоа казиното, па да се убацат у редот, им излегоа луѓе ја правеа големата. Јас не излегов ми беше жешко. 5 саати окапавме.
Батеријата на лаптопот ми се потроши, книгата за плажа ја прочитав, децата од соседните коли пораснаа...
Мислам дека викаат иди преку Дојран за да не им правиме гужви на Евзони. Јас се зезнав, не морате и вие“.
С. С. | Црнобело