Хит видео: „Заглавените“ патници на Евзони играа оро додека чекаа да влезат во Македонија
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
„Грчките цариници сигурно си велат дека им е забавно, па не се брзаат да ги пропуштат“ - На Инстаграм вирално се шири видео од српски патници кои весело играат оро на грчка граница, наместо да се нервираат што чекаат со часови да влезат во Македонија.

Продолжениот мајски викенд многу наши и српски туристи го поминаа во Грција, веројатно подготвени дека заради новиот систем и процедури, ќе чекаат со часови на граница.

Вчера голем дел од патниците кои се враќаа од грчките туристички места, беа „заглавени“ на граница чекајќи од 2 до 5 часа за да излезат од земјата и да влезат во Македонија.
И додека некои се нервираат од гужвите и чекањето, други решиле да „удрат“ на веселење, па дури и заиграле српско оро.
На социјалните мрежи вирално се шири видео од патниците кои весело играат оро, а во коментари се шегуваат:
„Па што фали, малку да се размрдаат, подобро отколку да седат“.
„Со оглед на тоа колку ќе се чека на Евзони, очекувам да почнат и прасиња и јагниња на ражен да се вртат“.
„Грчките цариници сигурно си велат: ‘Со оглед на тоа дека им е весело, нема потреба да брзаме да ги пуштиме’“.
Погледнете го видеото:
На друго видео се гледа како собрана група патници свират на музички инструменти и пеат, а во опис пишува: „На Балканците ни гужва на граница не може да им уништи расположение“.
М. М. | Црнобело