Мајка од Скопје го носи синот во градинката, каде таа одела како дете - Си играла на истото вовче пред 33 години
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
„Во 1993 година бев мало девојче кое со насмевка си играше на истото вовче во градинката „Мајски цвет“. Денес, во 2026 година, на истото место стои моето синче Петар (3), со истата детска безгрижност и за мене ова е магично“, вели Мартина Дабевска Здравеска (37) од Скопје. Прекрасно, зарем не?

Мартина Дабевска Здравеска (37) од Скопје, e магистер по маркетинг и вработена во маркетинг агенција.
Нејзиниот син Петар има 3 години и оди во истата градинка каде што одела таа како дете.


Станува збор за градинката „Мајски цвет“ во Скопје.
Сега Мартина се потсети на нејзините спомени од таму и колку ѝ е полно срцето што и нејзиниот син сега живее такво детство.

Мартина за CRNOBELO.com вели:
„Помеѓу нашите фотографии има 33 години, а чувството е исто.
Во 1993 година бев мало девојче кое со насмевка си играше на истото вовче во градинката „Мајски цвет“.

Денес, во 2026 година, на истото место стои моето синче Петар, со истата детска љубопитност во очите и истата безгрижност што ја носи детството.

Многу работи се промениле низ годините: градинката е обновена, генерациите се сменија, а моите воспитувачки одамна уживаат во заслужената пензија.

Но, она што останало исто е љубовта, грижата и топлината што ова место им ги дава на децата.