„Моето среќно место“ - Цветанка Ласкова ужива на одмор покрај море и блеска на 71 година
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
Со марами со впечатлив дезен и насмевка како најубав моден додаток, Цветанка Ласкова изгледа како времето да застанало за неа.

Цветанка Ласкова е наша народна пејачка, која својата музичка кариера ја започна во 1973 година.
Дел од нејзините попознати песни се: „Дај ми надеж“, „Ти ми го зеде срцето“, „Минува младоста“, „Господ нека ти плати“ и други.

Во 1976 година, со Јанко Узунов ја испеаја „Момчето со мандолината“, која стана голем хит.
Цветанка има настапувано на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Цветници, Фолк Фест Роса, Филиграни и други.
Таа е истовремено и деловен човек, а започна да се занимава со продукција од 1992 година.
Периодов Цветанка ужива на одмор покрај море и блеска на 71 година.

Со марами со впечатлив дезен и насмевка како најубав моден додаток, Цветанка изгледа како времето да застанало за неа.

Цветанка во описот на фотографиите на Инстаграм напиша:
„Моето среќно место... Убавината на животот“.

