Трогателни објави од македонската естрада по смртта на Владо Јаневски: „Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе“

„Е тука си правевме планови, кај нас дома, во Чаир, на мојот 24-ти роденден. Ти ми кажа дека имаш хит песна за мене. И така бидна Мачо“, се присетува Ребека со стара фотографија од Владо Јаневски.

trogatelni-objavi-od-makedonskata-estrada-po-smrtta-na-vlado-janevski-ti-blagodaram-za-se-shto-napravi-001.jpg

Игор Џамбазов, Каролина, Ребека – колегите и пријателите на единствениот Владо Јаневски со емотивни објави се збогуваат од пејачот.

Владо почина вчера (28.06) на 65-годишна возраст. Според досегашните информации, пејачот починал во скопска клиника по кратко боледување.

Социјалните мрежи се преплавени со пораки од неговите фанови, но и колегите и другите ѕвезди.

Емотивните објави на познатите:

Игор Џамбазов искрено му се заблагодари за сè што направил:

„Збогум Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни.

Слава ти! И ти благодарам за сè што направи“.

Каролина Гочева сподели неколку фотографии со ценетиот колега.

„Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да те заборавам…“

Вена Петрушевска ѝ остави емотивен коментар:

„На крајот ми стана сосема сеедно. Сфатив дека ништо на светот нема никакво значење. Луѓето живееја, се караа, се радуваа, страдаа, а мене сето тоа ми изгледаше бесмислено.

Постепено дојдов до уверување дека ништо не е важно и дека никогаш ништо нема да биде важно. Достоевски

Ова беше Владо низ целиот свој живот. Се пребројуваме изгледа“.

Таа сподели и објава на Инстаграм:

„Тогаш некоја темна, необјаснива сила ме извади од гробот. Не знаев кој или што е тоа. Не зборуваше, но јас го следев без отпор.

Патувавме низ бескрајниот космос. Ѕвездите светеа околу нас, а Земјата исчезна зад нас.

По долго патување, далеку во вселената, здогледав друга планета. Личеше на Земјата, но беше поубава, посветла и исполнета со мир.

Кога се доближив, видов луѓе.

Тие беа прекрасни.

Достоевски

Знам дека го сакаше… не знам што да кажам

ќе фалиш…“

На видеото пишува и:

„Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе. Ќе фалиш“.

Се огласи и Дарио:

„Јаневски мајсторе, толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам.

Некогаш се сложувавме, понекогаш и не, но исклучително многу се почитувавме како блиски колеги.

Ти мене Панковски, јас тебе Јаневски, така си се обраќавме кога ќе се видевме, к'о бајаги официјално, а у ствари со многу скриена близина и топлина.

Ова беше пребрзо, шокантно, трагично и некако...нестварно.

Нека Ти е вечна слава мој Јаневски, многу ми е жал, многу...“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...

Најчитани неделава