Трогателни објави од македонската естрада по смртта на Владо Јаневски: „Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе“
Ребека сподели стара фотографија од неа и Владо, направена на нејзиниот 24-ти роденден.
„Е тука си правевме планови, кај нас дома, во Чаир, на мојот 24-ти роденден. Ти ми кажа дека имаш хит песна за мене. И така бидна Мачо.
Ти благодарам за музиката, дружбите и долгите дискусии за поезија и животот. Патувај кон прегратките на Господа. Царство небесно“, стои во описот.
Тијана Дапчевиќ сподели дека е скршена од болка:
„Другарче мое… мирно патувај кон вечноста. Многу ќе ѝ недостасуваш на твоја „Тијанисимо“… ме искрши“
Тамара Тодевска сподели фотографија од настап на Владо:
„Премногу направено, дадено и оставено… Стиховите на кој не остануваше рамнодушен ќе бидат потврда за твојата вечност и големина.
Ми беше чест што те познавав. Патувај мирно, драг мој Владо“.
И Божидар Божиновски ѝ одаде почит на музичката легенда:
„Почина Владо Јаневски, вечниот романтичар замина во вечноста, а зад себе, зад себе остави генерации кои пораснале со неговите песни и песни кои ќе го најдат патот до новите генерации.
Една од неговите скоро супермоќи беше да не е присутен во медиуми по секоја цена, му даваше аура на мистичност, а за чаршиски муабети отворен простор да нагаѓаат, за жал.
Ја остави и една од најдобрите песни во последниве децении 'Што и да е, ќе помине'. Па еве и животот поминува … Да не помине тоа што оставаме после него.
Нека му е вечна слава и сочувство до семејството“.
Калиопи сподели инсерт од нивниот дует „Во светот на бајките“, со опис:
„Со голема тага ја примивме веста за смртта на Владо Јаневски – уметник кој остави неизбришлива трага во македонската музика. Неговите песни ќе продолжат да живеат и да бидат дел од спомените на многу генерации.Почивај во мир.
Потоа сподели и две фотографии на Инстаграм:
„Ох…Охх,ох, оххх…..
Си замина тивко, без поздрав….
Токму кога најдобрите се најпотребни, ти заминуваш….
Ми беше другар, а јас твојата Каља, како што милуваше да ме викаш…
Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме….
НЕКОГАШ И НЕГДЕ…“
Спирова С. | Црнобело