Фросина Фро објави каков поглед имал домот на Владо Јаневски: „Ти беше посебен, велеше дека ретките бираат ретки“

„Гевгелија и поглед од твојот дом... Знаевме и двајцата дека нашето пријателство е реткост како бисер нижен цели 17 години. Мојот пријател на кој со часови на телефон му раскажував сè што ме мачи, сè што ме радува. Те видов последно во болница пред една недела, но ќе те гледам секој ден во моите мисли, во душава“, емотивно вели Фросина Фро за својот пријател Владо Јаневски, кој буквално ни ги скрши срцата со своето прерано заминување, но ни остави музичко наследство за навек. 

frosina-fro-objavi-kadar-od-domot-na-vlado-janevski-ti-beshe-poseben-veleshe-deka-retkite-biraat-retki-01.jpg

Македонија изгуби многу, уште една наша музичка ѕвезда замина прерано, а ние изгубивме премногу. Но, ни остана дел од неговата душа, ни останаа неговите стихови кои срце милуваат и по кои ќе го помине за навек.

Нашиот Владо Јаневски, единствен, неповторлив, длабок, мегаталентиран.... 

По него тажи и Фросина Фро, која вели дека биле пријатели цели 17 години и споделува какви длабоки разговори воделе и по што ќе го помниме.

frosina-fro-objavi-kadar-od-domot-na-vlado-janevski-ti-beshe-poseben-veleshe-deka-retkite-biraat-retki-03.jpg

Нејзината емотивна исповед:

„Гевгелија, некаде околу Нова година и поглед од твојот дом, твоето царство кај што ти беше најтопло, најубаво.

Над Кожуф златна светлина се раѓа, Вардар шуми место будилник, мојта перница ко да е лаѓа, на неа плови твојот убав лик… Прекрасен ден, ти мораш негде, а јас те гушкам посилно…

Така некако те инспирираше твојот нов дом за убавите стихови… Тука „Амадеус“ го гледавме два пати, оти еднаш не беше доволно за твоите уметнички сензори кои на секое гледање нешто ново откриваа.

Тука ти раскажав за Мајсторот и Маргарита, а ти беше пријатно изненаден дека го читам Булгаков, па ми го пушти и филмот да го гледаме.

Тука, јас со моето турско кафе, а ти со твојата вода негазирана зборувавме и за Антони Де Мело, Ошо, Екарт Тол и двете негови книги кои ми ги даде на подарок,: „Нова Земја“ и „The power of now“.

frosina-fro-objavi-kadar-od-domot-na-vlado-janevski-ti-beshe-poseben-veleshe-deka-retkite-biraat-retki-04.jpg

Тука се развиваа дискусии за човечката душа, за човечката психа и сè она кое животот го носи, а ние луѓето не го спознаваме оти сме заспани, на што ми ја предложи „Будење“ од Антони Де Мело и повторно на твое изненадување кога ти реков дека сум ја читала, започнавме дискусија којшто разбрал од книгата.

Па, ми кажа дека таа книга случајно дошла во твоите раце кога си живеел во Москва и ти го сменила животот.

Тука ми кажа дека избегнуваш луѓе со плитки, рекла – казала муабети, дека те иритираат празни разговори од типот како си, што правиш и затоа твојот круг на луѓе беше сведен на минимум.

Сакаше длабоки, инспиративни разговори каде соговорниците можат да учат еден од друг и така заедно да растат. Велеше дека многу ретко среќаваш такви луѓе. Ти велев дека јас уште поретко.

И знаевме и двајцата дека ова пријателство е реткост како бисер нижен цели 17 години.

Во свет базиран на ниски страсти и материјализам, нашата духовна поврзаност ќе беше неразбирлива за овој површен свет. Ти беше таков посебен, велеше дека ретките бираат ретки. А реткост беше човек да ја запознае твојата душа.

Ти ме пушти да влезам низ твоите ѕидини високо издигнати околу твојата нежна душа. Ја симна твојата маска со која гумеше ароганција пред светот пред кој така се бранеше и ми дозволи да го видам вистинскиот Владо.

Ти благодарам душо најмила“.

Уште една нејзина објава за Владо Јаневски на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
„Што и да сторам, џабе ми е“ - Таткото на Фросина Кулакова со траорни зборови за неа и казната затво... „Па, уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна... Сам...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...

Најчитани неделава