Фросина Фро објави каков поглед имал домот на Владо Јаневски: „Ти беше посебен, велеше дека ретките бираат ретки“

Пред тоа, Фросина објави уште една емотивна посвета за Владо:

Мојата последна слика со тебе, негде во март тајно моја отровна. Мојот пријател на кој со саати на телефон му раскажував сè што ме мачи, сè што ме радува, оној кој се грижеше дали сум извежбала правилно во теретана, оти јас во Скопје, тој во Гевгелија, но заедно вежбавме за здрав живот.

Проклет да е тој живот кај што ќе нема вeќе да ми заѕвони телефонот и да ми речеш: до кај си со книгата што ти ја предложив?

Каков е тој живот кај што нема да те прашам: што ти е сега, пак ли те зафати твоето "лудило" на непуштање луѓе во твојот живот? Па ќе ми раскажуваш со саати за сè што ти тежи на душата.

frosina-fro-objavi-kadar-od-domot-na-vlado-janevski-ti-beshe-poseben-veleshe-deka-retkite-biraat-retki-02_copy.jpg

И така од 2009-та навака. Те видов последно во болница пред една недела, но ќе те гледам секој ден во моите мисли, во душава, додека собира снага да те преживее.

Ти си мојот евергрин, мојата религија, дел од мојата животна приказна последниве 17 години си ти. И ти секогаш си сега. Никогаш нема да си минато.

Ти ми ги даде најдобрите животни лекции. Една од нив беше: живеј сега, бидејќи денес е денот кога сме најмлади од тоа што ќе бидеме некогаш.

Прегрни ја вечноста како што мене ме прегрнуваше секогаш кога ќе ни надојдеа облаци на душата и на двајцата.

И знам, некогаш и негде, ќе те сретнам пак ... И знам дека што и да е ќе помине, но ти нема да ми поминеш никогаш...“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
„Што и да сторам, џабе ми е“ - Таткото на Фросина Кулакова со траорни зборови за неа и казната затво... „Па, уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна... Сам...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...

Најчитани неделава