Незаборавна анегдота со Ѓорѓи Колозов во неговата викендичка во селото Велестово: „Добредојдовте кај дедо Боже!“
- Детали
- вторник, 30 јуни 2026
„Едно пеколно лето, во 1992 година, Ѓорѓи Колозов престојувал во својата викендичка во селото Велестово, со поглед кон Охрид и езерото. Недалеку од викендичката на Ѓорѓи и Шенка, група млади луѓе, возејќи се со автомобил, се превртеле на еден од стрмните патишта. Ѓорѓи го видел тоа и без двоумење истрчал да им помогне...“, започнува приказната што и денес се раскажува во Велестово и Охрид, со насмевка и восхит кон човекот чиј дух и во најтешките мигови знаел да внесе топлина, хумор и човечност, нашиот непреболен Ѓорѓи Колозов.

Велат човек двапати заминува од овој свет: еднаш кога тивко ќе му згасне часот и вторпат - кога ќе замолкнат зборовите за него, кога ќе избледи од сеќавањата.
Но, за царот зборовите ќе течат како река, и преку своите приказни, тој ќе дише низ времето - бескрајно, вечно... Пишува на фан страницата за Ѓорѓи Колозов и се согласуваме со апсолутно секој збор.

Тие велат дека годинава се одбележуваат 40 години (1986 - 2026) од првото снимање на серијалот „Македонски народни приказни“ на отворено.
Две години претходно, приказните се снимале во студијата на Телевизија Скопје, но уште првите неколку епизоди наишле на исклучителен успех кај публиката.
Од 1986 година, приказните го добиваат својот препознатлив шмек и токму во таа форма опстојуваат сè до 2003 година и со право може да се каже дека нивната популарност не згасна ниту за миг.

„Нашата цел е да го зачуваме духот од 1986 - 2003 година и, колку што е можно, да вратиме барем дел од златното доба на Македонската телевизија“.