Aнтониа Гиговска се огласи по критиките дека не доела, а сопругот ѝ даде поддршка: „Силна жена, силна мајка“
- Детали
- среда, 01 јули 2026
„Во подкастот отворено зборував за еден од најтешките периоди во мојот живот. Да, се обидов да дојам, но наместо да се чувствувам исполнето, јас се чувствував психички исцрпено. Се борев со емоци, плачев, се преиспитував и се чувствував како да не успевам“, искрено се огласи Антониа, по негативните коментари на нејзина сметка, а по неа се огласија и сопругот Роберт, како и Стефан Лазаров чија гостинка беше. „Силна жена, силна мајка!“, напиша нејзиниот сакан.

Антониа Гиговска си ја отвори душата во гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров.
Зборуваше на теми кои ги мачат многу мајки, па од период на постпородилна депресија, односно ролеркостер од емоции и плач по породувањето, до проблеми со доењето и апсолутна неопходност да донесе одлука нејзиниот син Киан по првиот месец да биде на адаптирано млекце.

Антониа зборуваше на теми кои не треба да бидат табу и нејзината искреност е за поздрав.
За жал, таа се соочи со малограѓанштина и низа негативни коментари на нејзина сметка.

Голем број познати личности ја поддржаа Антониа и рекоа дека и самите ќе се подразмислат дали во иднина ќе се отворат пред камерите и за медиумите.

Oгласувањето на Антониа на Инстаграм:
„Чувствувам потреба да се огласам по гостувањето во Лазаров Подкаст и коментарите под рилот поврзани со моето искуство со доењето.
Во подкастот отворено зборував за еден од најтешките периоди во мојот живот. Искрено и без маски, затоа што сметав дека треба да се зборува и за таквите моменти.
Да, се обидов да дојам, но наместо да се чувствувам исполнето, јас се чувствував психички исцрпено. Се борев со емоции кои тешко може да ги разбере некој што не ги доживеал.
Плачев, се преиспитував и се чувствував како да не успевам.

По многу преиспитувања, сама со себе донесов одлука да продолжиме со адаптирано млеко. Тоа не беше лесна одлука, но беше најдобрата одлука за мене, а со самото тоа и за моето бебе.
Не е ништо страшно ако немаш доволно млеко и продолжиш да го храниш своето дете со адаптирано млеко.