„Навивам за Бразил“ - Антониа Гиговска без грам шминка во бикини откри кој ѝ е фаворит на Светското фудбалско првенство
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
Антониа Гиговска во минималистички бикини во зелено-жолта боја се чувствува одлично во своја кожа. Пејачката, која зрачи со самодоверба, откри за кого навива на Светското фудбалско првенство, за време на одморот со сопругот.

Антониа Гиговска, по промоцијата на својот втор албум „Жена“ и сите обврски околу тоа, е на заслужен одмор со нејзиниот сопруг Роберт.


Покрај тоа што и оттаму го промовира и се фотографира со својот нов албум, таа му обрна внимание и на актуелното Светско фудбалско првенство.

Гиговска откри дека навива за Бразил, позирајќи со дрес и бикини во боите на бразилското знаме.

Без грам шминка, фит и насмеана 25-годишната мајка на едно дете изгледа одлично.
За која репрезентација навивате вие?



