Љубиша од Скопје: „Ми побараа 160 евра од ноќ за апартман во Полихроно, Ханиоти, Пефкохори - До кога ќе нè ‘дерат’?“
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
„Ми побараа 160 евра од ноќ... Значи треба да платам 1.600€ само за спиење! Не зборуваме за луксузен хотел, туку за апартмани стари 30-40 години, каде не е закована ни една нова шајка. Мебел од минатиот век, бањи што плачат за реновирање, а за клима – доплати. Плус туристичка такса, лежалки, паркинг, гиро, сладоледи... На крај, летувањето лесно достигнува 3.000€“, вели Љубиша Стефановски од Скопје.

Љубиша Стефановски од Скопје гласно проговори за тема која многумина од нас ги мачи периодов, а тоа се превисоките цени на летните понуди за Грција изминативе години, а особено годинава.
фото: Фејсбук
Потребно е да платиме премногу за апартмани кои се стари и навистина не се вложува во нив.

Неговата објава:
„Се јавувам да прашам за апартман со една спална соба во Полихроно, Ханиоти или Пефкохори за периодот 05.07–15.07.
Одговорот? 160€ од ноќ!
Значи 1.600€ само за спиење!
Не зборуваме за луксузен хотел со 5 ѕвезди, туку за апартмани стари 30-40 години, каде со децении не е закована ни една шајка. Мебел од минатиот век, бањи што плачат за реновирање, а за клима – доплати.
Плус туристичка такса, лежалки, паркинг, гиро, сладоледи... На крај, летувањето лесно достигнува 3.000€.

Па, до каде ќе оди ова дерење? Навистина мислат дека се некакви Малдиви?
Народот убаво вели: „Видела жабата коњот како се потковува, па и таа дигнала нога“. Така и дел од сопствениците на апартмани на Халкидики – ги кренаа цените до небо, а услугата остана иста, ако не и полоша.

За тие пари денес можеш да летуваш во Шпанија, Италија или на многу други места и да добиеш неспоредливо подобри услови.
Јас веќе не гледам ниту една причина да одам таму.
Вие би дале 1.600€ само за апартман во Полихроно, Ханиоти или Пефкохори?“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com