Наш фитнес тренер нападнат во возило откако сакал да спаси жена: „Маж маваше со боксови по прозор, ме удри – внимавајте, секакви луѓе шетаат“
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
„Маж излезе од кола да нападне жена, таа во паника ја заклучи колата, а тој со боксови удираше по прозорот. Кога му викнав да прекине, дојде и ме нападна мене. Ме фати за врат и ме удри, јас му возвратив. Претпоставувам дека беше под супстанци, очите му беа црвени како крв. Внимавајте“ - вели во видео исповед Матеј Марковски.

Во последно време постојано сме сведоци на непријатни, бизарни случки низ нашата земја, поврзани со секаков тип на насилство.
Овој пат, фитнес тренерот Матеј Марковски, на социјалните мрежи сподели видео со своја исповед за ситуација во сообраќајот која се случила пред неколку дена кај нас.
Тој вели дека сведочел на напад врз жена во автомобил од страна на друг возач, а сакајќи да помогне и да ја смири тензијата, и самиот бил нападнат.
Во својата исповед Матеј вели:
„Добар ден, сакам да споделам една случка од вчера.
Бев нападнат и една жена беше нападната на сред булевар во 12 часот сред бел ден.
Како што возев по булеварот, имаше 2 коли пред мене, каде што мажот излезе од колата за да нападне друга жена во друга кола, претпоставувам поради некое несогласување во сообраќајот.

Таа ја заклучи колата, беше во паника, а тој со боксови удираше по прозорот, пробуваше да ја отвори вратата. Јас како нормален човек застанав да ја смирам ситуацијата и го спуштив прозорот.
Откако го спуштив прозорот и му викнав да прекине, тој се сврте кон мене и почна мене да ме напаѓа. Ја испружи својата рака, ме фати за врат и ме удри.
