Наш фитнес тренер нападнат во возило откако сакал да спаси жена: „Маж маваше со боксови по прозор, ме удри – внимавајте, секакви луѓе шетаат“
Откако го направи тоа јас му возвратив, пробав да излезам од кола, тој почна да скока низ врата за да не излезам. Пак ме удри, јас му вратив, па летна малку назад и во тој момент добив шанса да излезам од кола.
Излегов, проба да ме удри со залет, го избегнав, му вратив и го погодив во лице. Тој веќе беше зашеметен и тука застана цела кавга. Тој прекина, се смири, влезе во кола и почна да мрмори ќе видиш кој сум јас кој си ти.

Жената излезе од колата, тотално уплашена, бела како крпа, заради тоа што беше нападната.
Можеби имаше 57-58 години и беше во опасност од некој претпоставувам надрогиран човек под супстанци, заради тоа што капаците, односно очите му беа црвени како крв, претпоставувам затоа дека беше на дрога. Додека ме напаѓаше, немаше ни момент на разум, само се фрли.
Кога отидов во полиција да пријавам, ми кажаа дека не можам да пријавам заради тоа што ќе треба јас да имам кривично дело, затоа што имало физичка пресметка, поради тоа што тој ме нападнал и јас сум му возвратил. По ризик на мој живот и на жената што сакав да ѝ помогнам.

Македонски народе, секакви луѓе се шетаат, ве молам сакам да ја дигнам свеста, немојте кога ќе видите ваква ситуација да не реагирате.
Иако полицијата не реагира, вие реагирајте, заради тоа што може да направите разлика. Имаше многу коли што само снимаа како се случува сè тоа и никој не помогна.
Јас како нормален граѓанин сметав дека треба да помогнам и да ја спасам жената.
Бидете храбри и помагајте на луѓето на кои им треба помош. Тоа може да биде ваша ќерка, сестра, девојка. Бидете човек од акција“.
Погледнете го видеото:
Во коментари тој доби многу пофалби за својот храбар потег, но има и такви кои иако му се восхитуваат, сепак не се сигурни колку треба да се влегува во конфликт со секаков тип на луѓе заради тоа што може и да настрадаат.
Еден од коментарите гласи:
„Прашањето е дали треба да се влегува во конфликт со човек под супстанци или алкохол! Сте можеле да настрадате. Такви каубојци некогаш се непресметливи и со оружје, и не знам колку е паметно да се спротивставите со непресметлив.
Вие сте постапиле херојски, сте заштитиле жена. Не сакам ни да помислам што можело да се случи! Истото го имаше пред некој ден во Хрватска, но таму излегоа тројца и го здрвија насилникот од ќотек. Но, бидете внимателни, многу психопати се меѓу нас“.
M. M. | Црнобело