Гоце Тодоровски (75) е во болница - Пешки се враќал кон дома, поради сонцето му се слошило и лошо паднал: „Стабилен е“
- Детали
- петок, 10 јули 2026
„Гоце веќе неколку дена е хоспитализиран. Додека пеш се враќал кон дома, поради силното сонце му се слошило. При падот се здобил со повреда, по што неговата здравствена состојба дополнително се искомплицирала. Од неговата ќерка Сашенка дознаваме дека моментално е во стабилна состојба“, велат администраторите на Фејсбук страната за Ѓорѓи Колозов и „Македонски народни приказни“.

Еден од омилените актери кај нас, Гоце Тодоровски, доживеа незгода и моментално е во болница.
Состојбата му е стабилна и му посакуваме брзо закрепнување.

Објава за неговата состојба од админ тимот на Фејсбук страната за Ѓорѓи Колозов и „Македонски народни приказни“:
„Гоце веќе неколку дена е хоспитализиран. Додека пеш се враќал кон дома, поради силното сонце му се слошило.
При падот се здобил со повреда, по што неговата здравствена состојба дополнително се искомплицирала.

Од неговата ќерка Сашенка дознаваме дека моментално е во стабилна состојба.
Иако неговиот имунитет е ослабен, состојбата на нашиот легендарен актер од ден на ден се подобрува.
Таа секојдневно го посетува во болницата и е покрај него во овие тешки моменти.

Да се помолиме што поскоро да оздрави и да му се врати на семејството, па и на сцената.
Админ тим на Ѓорѓи Колозов“.

Први се огласија од групата „Ретро ризница“ и веднаш му отидоа во посета на Гоце во болница:
„На посета кај легендарниот глумец од македонските народни приказни, г. Гоце Тодоровски.
Ви посакуваме од срце што побрзо закрепнување, добро здравје и повторно да Ве видиме на сцената, каде што припаѓате.
Со Вас пораснавме, со Вашите улоги се смеевме, учевме и создадовме незаборавни спомени. Вие сте еден од најголемите и најомилените актери на македонската сцена и засекогаш ќе имате посебно место во срцата на публиката.
Ви посакуваме многу сила, здравје и уште многу години исполнети со радост и успеси.
Со искрена почит:
Мубедин и Џело“
Извор: Фејсбук група Ретро ризница
С. С. | Црнобело