Новинарката Александра Спировска со сопругот кошаркар е на одмор во Албанија – кул плетенки, тиркизно Јонско Море
- Детали
- понеделник, 13 јули 2026
Александра Спировска ужива на одмор со сопругот, кошаркарот Милан Димитриески. Позира во црни полутанга бикини и ужива покрај тиркизното Јонско Море во Ксамил. Со нив е и синот од претходниот брак, а таа има и две ќерки од бракот со Пере Нокаут.

Новинарката Александра Спировска ужива на одмор со сопругот, кошаркарот Милан Димитриески, и со синот од претходниот брак.

Парот како дестинација годинава го избра Ксамил, Албанија, а Александра оттаму објавува фотографии од тиркизна вода и неверојатни зајдисонца.


Таа очигледно ужива покрај Јонското Море со својот сакан.
За Александра ова е трет брак. Таа претходно беше омажена со Пере од „Нокаут“ со кого ги има ќерките Миа и Каја, а во вториот брак го роди синот Вилен.
Александра и Милан се свршија на крајот на 2022, а во февруари 2025-та направија црковна венчавка и свадбена прослава.


Повеќе фотографии од одморот:


