Сопругата на Мандар по породувањето за CRNOBELO: „Ми пукна водењакот во 2 по полноќ, се породив по 10h со царски рез“
- Детали
- среда, 15 јули 2026
„Отидовме во болница и бидејќи желбата ми беше да се породам природно, ме ставија на CTG и следеа уште некои 10 часа до највозбудливото, најболното и најинтересно искуство во мојот живот. Илина се роди со 3.800kg и 53 сантиметри должина“, вели Дариа Maндаровска, сопругата на јутуберот Мандар.

Јутуберот Васил Мандаровски-Мандар и неговата сопруга Дариа Maндаровска од Скопје станаа родители на 13.07 на девојче на кое му го дадоа името Илина.

Мандар со своите следбеници сподели:
„Станав татко. Не знам што да кажам, а клише ми е да ги ставам тие – Добредојде принцезичке...
Добре дојде ќерко! Не знам... Станав татко!“


Потоа, славеше со другарите, а Дариа, пак, се чувствува добро и за CRNOBELO.com од болница споделува како минало породувањето.

Дариа за породувањето вели:
„Пораѓајот започна со тоа што ми пукна водењакот накај 02:30 часот сабајле на 13.07.2026, точно на датумот кога беше предвидено породувањето.
Отидовме во болница и бидејќи желбата ми беше да се породам природно, ме ставија на CTG и следеа уште некои 10 часа до највозбудливото, најболното и најинтересно искуство во мојот живот.

После 10 часа следење, бебето не се спушташе надоле и мораше за нејзина безбедност да се направи царски рез.
Се роди со 3.800kg и 53 сантиметри должина.

Тој момент не можам да го опишам со зборови, кога ја слушнав како плаче прв пат бев исполнета со безброј емоции, но тоа беше најубавиот момент од мојот живот.
Ја видов малку јас, потоа му ја однесоа на Васил и сега нè чека новата улога на родители“.
