Мила Арсовска со исповед: „На 2 години ме прегази воз – дел од стапалото ми е ампутирано, никој не знаеше за мојата битка“
Единствената болка што ја имав беше тоа што... никој не можеше да ми направи соодветна протеза по моја мерка.
40 години подоцна, во мојата потрага се појавија два ангела кои ги имаа одговорите.
Ја најдовме личноста што ќе направи да одам нормално, да танцувам нормално и да имам прсти на стапалата...

Ох, повторно проблем... Осигурувањето секако не покрива кога е правено по мерка и надвор од државата.
Бев лута повторно и повторно. Лута на сите нас кои имаме потреби...
Гледав деца без раце, луѓе без нозе...

Цената е 25.000 долари. И тоа не е еднократно плаќање, ни треба нова на секои 5-10 години.
Па, она што решив да го сторам е... да продолжам да се смеам.
Започнав GoFundMe кампања, која ќе го поддржи моето патешествие.

Малечкото девојче кое некогаш бев, ви се заблагодарува за вашата љубов, поддршка и безусловна љубезност.
Ви благодарам што го следите мојот пат, што сте дел од него и го споделувате со другите.
Многу сум благодарна на секој од вас.
Ако вашето кафе, вино или компулсивен шопинг, можат да преживеат без вас денес... мојата GoFundMe кампања ќе го сака вашето внимание“.

M. M. | Црнобело