Паднати семафори, скршени дрвја, летаа маси и кровови - Силниот ветер направи пустош во Скопје
- Детали
- вторник, 21 јули 2026
Попладнево, за околу само 15 минути, во Скопје се случи вистински хаос - ветерот што дуваше со огромна брзина носеше кровови, кршеше дрвја, летаа и маси од кафулиња...

Нешто по 17 часот во Скопје се случи невреме со силен ветер.

За само неколку минути насекаде низ градот беа разлетани предмети, има скршени дрвја, летаа кровови, автомобили се уништени.

Невремето, иако траеше кратко, направи вистински хаос во градот.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки и фотографии од невремето, што го зафати целиот град - скршен семафор спроти Ист гејт, искршени дрвја во Аеродром, Хиподром, Влае, а многумина велат и дека биле сведоци на тоа како летале и маси од терасите на градските кафулиња.

Инфлуенсерката Илариа Кирилов преку Инстаграм Стори, се пожали дека ветерот го турнал шкафот на нејзината тераса, а објави и фотка од скршена стаклена настрешница над терасата.

