Сопругот на Јелена Јованова проговори за бракот со неа и двата сина: „Еден на друг сме си најдобри критичари“
- Детали
- среда, 22 јули 2026
„Ако актерството повеќе ништо не ми донесе, секогаш ќе бидам благодарен и среќен што ја избрав професијата, бидејќи на некој начин ми го донесе највредното – моето семејство“, романтично вели Стјепан Периќ кој ја запозна нашата Јелена Јованова (41) на снимање на серија. Парот лани прослави 10 години брак, а ги имаат синовите Јаков (6) и Тома (1).

Сопругот на нашата Јелена Јованова Периќ (41), хрватскиот актер Стјепан Периќ (43) со години е меѓу актерите кои публиката во регионот со задоволство ги следи, без разлика дали станува збор за телевизиски серии, театар или филм.
Зад него се бројни улоги, а сега е актуелен со серијата Voyo Original – IQ 160, серија со криминалистички и психолошки заплети во современ формат.

Во разговор за Net.hr, освен за работата, Стјепан искрено зборуваше и за семејниот живот со сопругата Јелена, за татковството, секојдневието со нивните двајца синови – шестгодишниот Јаков и едно и пол годишниот Тома, како и за малите ритуали што им помагаат да си зачуваат време еден за друг и покрај динамичното секојдневие.

Јелена и Стејепан се запознале на снимањето на серијата „Тајне“, а минатата година прославија десет години брак.
На прашањето: „Дали можевте да замислите дека еден актерски ангажман ќе ве доведе до љубовта на вашиот живот?“, Стјепан вели:
„Не размислував премногу за тоа, иако е честа појава парови да се запознаат на работното место.
Ако оваа професија повеќе ништо не ми донесе, секогаш ќе бидам благодарен и среќен што ја избрав, бидејќи на некој начин ми го донесе највредното – моето семејство.
Инаку, со Јелена еден на друг сме си најдобри критичари.
Покрај себе имам исклучително успешна и искусна колешка, која воедно ми е и сопруга. Секако дека Јелена ми е голема помош и поддршка во работата, исто како што и јас сум ѝ неа.

Моето срце сега сака уште две прекрасни суштества, моите синови Јаков и Тома, и поради тоа се чувствувам богат и исполнет.
Инаку, поради нив созреав, пораснав и кон работата пристапувам попрагматично. Мислам дека токму затоа и подобро ја работам.
