Сопругот на Јелена Јованова проговори за бракот со неа и двата сина: „Еден на друг сме си најдобри критичари“
Поголемиот син Јаков е паметен, љубопитен и разигран. Го интересира сè.

Кога ќе го прашам што сака да биде кога ќе порасне, ми одговара – архитект. Веројатно тоа ќе се промени уште многупати.
Најважно е, кога ќе дојде време за тоа, да избере нешто што навистина го сака и да го работи најдобро што може.

Инаку, со Јелена како кај повеќето родители, и двајцата сме и „добри“ и „лоши“ полицајци – сè според потребата.
Резултатите не се гледаат секогаш веднаш, но доаѓаат. Веруваме дека сме на вистинскиот пат.

Но, знаеме и да си одвоиме време само за нас, затоа што ако самите не си го земеме, никој нема да ни го даде.
Јас најмногу сакам одмор во мирна природа, по можност на некој остров.

За мене, совршениот летен ден почнува и завршува на голема тераса со поглед кон морето.
Помеѓу тоа има плажи, сладоледи, кафе, семејни оброци, цртани филмови, музика, филмови, детски солзи и многу смеа“.

Kликнете на видеото каде Стјепан вели дека знае македонски јазик:
С. С. | Црнобело