Софија и Јаков Спасови му слават роденден на кучето: „Ние сме хаос, шарен, гласен, ама наш - и не би го менувала за мир и тишина“
- Детали
- петок, 24 јули 2026
„И покрај малку сон, премногу обврски и повремени дебати околу тоа кој последен фрлил ѓубре - некако успеваме. Со љубов што не се мери во совршени моменти, туку во гушнати хаоси како овој“, вели Софија Спасова за бракот со актерот Јаков Спасов. Тие со двете ќерки му слават роденден на еден од нивните миленици.

Софија и Јаков Спасови му прославија роденден на еден од нивните миленици – кучето Кара.
Родителите на две деца, имаат и мачка, и велат дека во нивниот дом секогаш владее убав хаос.


На Инстаграм тие годинава објавија видео од нивниот дом и напишаа роденденска посвета за кучето Кара:
„Среќен роденден Кара наша. Те сакаме бесконечно.
Среќен роденден, љубов моја“.
Кликнете на видеото:
Лани, тие исто така емотивно ѝ посветија објава:
„Сликава не е идеална. Ни ситуацијата. Ни облеката. Ни ние.
Ама затоа е искрена. Баш како нас.
Ние сме хаос – шарен, гласен, понекогаш леплив хаос.
Ама наш е. И не би го менувала ни за мир, ни за тишина, ни за топол оброк што не се јаде со дете во раце.
И покрај малку сон, премногу обврски и повремени дебати околу тоа кој последен фрлил ѓубре – некако успеваме.
Со љубов што не се мери во совршени моменти, туку во гушнати хаоси како овој.
Те сакаме сите – и тие што уште не зборуваат, и тие што не престануваат, и тие што плачат, трчаат, мјаукаат, лаат… и една што, и кога ќе те гледа малку попреку - пак не може без тебе“.
Tие во ноември 2025-та ѝ прославија прв роденден и на нивната мачка Ехо:
„Среќен роденден Ехо. Ти не си мачка, ти си чиста љубов, бизала наша...“
Софија во една пригода на Инстаграм напиша:
„Не посакувам ништо повеќе од ова што веќе го имам.
До сега живеев барем три различни животи
во еден учев да преживеам,
во друг да се пронајдам,
а во овој сегашниов, конечно да живеам.
И овој ми е најомилен до сега.
Научив дека треба да се гушнеме себеси силно,
да им простиме на тие што згрешиле,
да одиме нежно дури и кога сме лути,
да го кажеме она што го чувствуваме,
да носиме одлуки со надеж,
и да сакаме со цело срце.
Благодарна сум за сè, за убавото што ме храни и за тешкото што ме обликува“.