Моделот Елена Ѓорговска со луксузна забава го прослави дипломирањето - Впечатлив фустан, огномет, точи шампањ
- Детали
- петок, 24 јули 2026
Елена дипломираше на Медицинскиот факултет, а истата вечер прослави гламурозно - таа издоминира модно со фустанот, се забавуваше додека Антониа Гиговска ѝ пееше, точеше шампањ и текила, а вечерта заврши со голем огномет во нејзина чест...

Нашиот модел со интернационална Кариера, Елена Ѓорговска, вчера (23.07) дипломираше на Медицинскиот факултет во Скопје, а вечерта направи луксузна забава со најблиските и најсакани луѓе.

Откако прво сподели фотки од пред факултетот, со сите што биле со неа на дипломирањето, таа почна да објавува и фотографии и видеа од својата дипломска забава на Инстаграм Стори.

Елена, која е од Струга, забавата ја направи во позната винарија во Скопје.

За забавата таа избра краток, а впечатлив бел фустан со светки, без прерамки, кој ги истакнуваше нејзините нозе и згодната фигура, дополнето со сандали во пудра боја.

Гостите одеа по црвен тепих за да стигнат до влезот, каде што ги пречека голема фотографија од Елена, со порака дека ова е нејзината дипломска забава.

Масите беа поставени една до друга, а на средината имаше големи цветни декорации од рози и цвеќе во бела и розова боја.

За забавата на гостите беше задолжена Антониа Гиговска, додека вечерта заврши со огромна торта со овошје и огномет.

А во меѓувреме се точеше шампањ без престан, Елена самата им „сипаше“ текила на гостите, играше, пееше, и уживаше во својата вечер.
