Баже од Скопје ја запроси Ива со кул натпис: „Прстенот го криев во мојата берберница, глумев дека одиме на роденден“
- Детали
- вторник, 28 јули 2026
„Идејата за натписот дојде од нашите презимиња и од една наша мала, заедничка шега. Ива е Којовска, а на Инстаграм потпишана како „Којовче“, додека јас сум Илиевски. Пред да дојде моментот на запросувањето, низ нашите секојдневни муабети често се шегувавме на таа тема – дали еден ден ќе стане „Илиевче“, дали ќе го смени презимето итн.“, вели за CRNOBELO.com Баже Илиевски (28), препознатлив како Барберин Баже.

Баже Илиевски (28), препознатлив како Барберин Баже пораснал во Топанско/Чаир, па се преселил во Аеродром кадешто живее веќе 8 години, a по eдна година и 3 месеци љубов одлучи да ја запроси саканата Ива (26), порасната во Влае.
Тој ги поканил сите блиски луѓе и ја излажал дека ќе слават роденден на татко му.
Прстенот, пак, го криел во својата берберница.

Баже за својата професија вели:
„После сè во животот конечно ја најдов работата што ме исполнува, бербер. Пред 9 месеци конечно го остварив долгоочекуваниот сон да го отворам сопствениот салон за шишање, Џокер“.

За нивната љубовна приказна Баже за CRNOBELO.com споделува:
„Роденден ми е на 9-ти април, а на Ива роденден ѝ е на 7-ми април, кога мене ми е именден и тоа е денот кога започна сè. Па со 7-цата сме поврзани на посебен начин.

Заедно сме година и 3 месеци. Запросувањето се случи во вила во Волково, во јули (7-ми месец од годината) како што кажав и погоре посебно сме поврзани со таа бројка.

Таму нè чекаа нашите родители, семејствата и најблиските пријатели.

Сè беше внимателно испланирано и организирано од моја страна, а Ива до последен момент не знаеше ништо.

Таа мислеше дека одиме на прослава за роденденот на мојот татко. За неа тоа беше целосно и најголемо изненадување.

Тоа беше еден од најубавите и најемотивните моменти во нашите животи. Миг што ќе го паметиме засекогаш.

Посебно значење му даде тоа што овој важен чекор го споделивме со нашите родители и најблиските луѓе, кои беа таму заедно со нас.
