Новитети во катарактна хирургија во Систина Офталмологија

Хируршкиот центар Систина Офталмологија препознатлив по високо катарактна хирургија и витректомија, нуди нова услуга за решавање на најделикатните проблеми со видот.

noviteti-vo-kataraktna-hirurgija-vo-sistina-01

Првиот приватен хируршки центар Систина Офталмологија препознатлив по високо катарактна хирургија и витректомија, во континуитет успешно применува најнови оперативни техники и материјали, со цел на пациентите да им се врати комодитетот и квалитетот на животот. Обезбедувајќи највисока сигурност, безбедност и ефикасност за своите пациенти, Систина Офталмологија претставува референтен регионален офталмолошки центар, кој е препознатлив по врвните експерти, најновата технологија и по употребата на премиум материјали.

„Последната новина, што ја воведовме, беше  операцијата на катаракта со вградувањето еден нов вид на Торични интраокуларни леќи, со кои што со еден хируршки зафат истовремено го решивме старечкото перде и корнеален астигматизам кај пациентот (неправилната закривеност на роговицата која се корегира со носење на очила со цилиндрични стакла). Ова е идеалното решение за видот на оваа специфична група на пациенти. Торичната леќа е уникатно дизајнирана и се изработува според индивидуалните мерења на пациентот. Пред операцијата пациентот имаше ограничено видно поле и искривена, заматена и разлеана слика, како да гледа низ водопад. По операцијата пациентот повторно има јасни контури и контрасти и има квалитетен вид на далеку и тоа без очила и контактни леќи“, ни изјави д-р Златко Арнаудовски, стручен директор на Систина Офталмологија.

noviteti-vo-kataraktna-hirurgija-vo-sistina-02

Минатата година, во Систина Офталмологија за прв пат во Македонија беа изведени  оперативни зафати на катаракта после кои пациентите можат да читааат, гледааат телевизија, работат на компјутер,  одат во шопинг, на вечера, концерт или на прошетка  и сето тоа без потреба од носење очила. Освен тоа, по операцијата, заради премиум квалитетот на вградените леќи, окото е заштитено од ризичните спектри на светлината, пациентот гледа во природни, живи бои и со убав контраст. Растечкиот интерес на пациентите за овие операции, е потврда сама по себе за квалитетот на истите. Во САД секоја година се вршат над 60 милиони вакви операции.

Систина Офталмологија овој месец слави и три години од своето постоење и по тој повод на своите пациенти им обезбедува бесплатни прегледи за дијабетичари, категорија која е најранлива кога станува збор за проблеми со очите и видот. Систина Офталмологија ќе овозможи 15  бесплатни прегледи на 1 јуни 2013 година (сабота) со задолжително предходно закажување.

noviteti-vo-kataraktna-hirurgija-vo-sistina-03

На површина од 500м2 хируршкиот центар Систина Офталмологија располага со комплетно опремени ординации, со кабинет за ласер дијагностика, кабинет за глауком и периметрија, кабинет за ултразвук,  како и комплетно опремен хируршки блок  за хирургија на преден и заден сегмент на окото. Составен дел се е и  ексклузивни апартмани за пријатен престој на пациентите.

Во Систина Офталмологија оперира искусен хируршки тим, и со поддршка на современата офталмлохируршка технологија и потрошни материјали од премиум квалитет, на база на еднодневна хирургија се вршат операции на врвна катарактна хирургија, како и операциите на витректомија, аблација и замена на силиконско масло, како сериозни проблеми на задниот сегмент на окото. За овие операции, македонските граѓани до пред три години патуваа во странство, а сега се наши задоволни пациенти.

Минатата година Систина Офталмологија го организираше и првиот приватен офталмолошки симпозиум на кој учество земаа  60 офталмолози од Македонија како од приватното така и од јавното здравство.

Би можело да ве интересира:

Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
Македонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма 11.02.2026 Mакедонскиот уролог д-р Виктор Станков, од Универзитетската клиника з...
Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...
„Човек со срце планина“ - Доктор Владимир Чадиковски објави емотивно видео за напуштените дечиња во ... „Во Битола постои едно место каде љубовта не е збор, туку секојдневие – Центарот...
Полна сала за светската премиера на дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Ч... На 14 јуни 2026 година, во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фест...
Празнична магија во Кавадарци – многу сијалички, голема елка и штандови за греено вино на плоштадот ... Плоштадот е украсен со голема елка, а поставени се и штандови за греено вино, ча...

Најчитани неделава