Роденден за паметење: 120 илјади посетители за роденденот на Скопје Сити Мол

Повеќе од 120.000 посетители овој викенд беа дел од големата роденденска прослава по повод првиот роденден на Скопје Сити Мол. Главната мотивација на граѓаните за масовната посетеност на трговскиот центар беше разновидната програма во која посетителите од сите возрасти уживаа во најразличните содржини и активности, од шопинг, преку вкусни задоволства и подароци до одлична забава.

rodenden-za-pametenje-120-iljadi-posetiteli-za-rodendenot-na-skopje-siti-mol-01

Започнувајќи во петокот, река од граѓани го преплавија трговскиот центар. Под мотото на кампањата “Скопје Сити Мол, прв роденден, прв избор”, прославата започна со “Late night shopping” каде акцентот беше ставен на модата и шопингот. Проследивме интересна модна ревија на познати македонски дизајнери, а за сите припаднички на понежниот пол делевме совети за шминкање од познати make-up артисти.  Посетителите одлучија да ја искористат одличната можност и да направат добар шопинг, во некои продавници со намалување дури до 40% попуст. Шопинг треската продолжи и во текот на целиот викенд.

Во саботата Скопје Сити Мол беше домаќин на традиционалната манифестација во организација на Општина Карпош – “Ем умеам, ем можам”, каде 40 изложувачи промовираа, а посетителите запознаа и дегустираа најразлични македонски производи. Како заокружување на денот, уживавме во концертот на шармантниот хрватски пејач Петар Грашо кој ја освои публиката, буквално сите, од младо до старо.

Покрај многу забава, посебно во последниот ден од роденденскиот викенд, понуди и добра храна и пијалоци, како и дружење со херојот на Скопје Сити Мол - верниот другар на сите дечиња.

rodenden-za-pametenje-120-iljadi-posetiteli-za-rodendenot-na-skopje-siti-mol-02

Во текот на сите 3 дена редици од луѓе можеа да се видат и пред инфо пултот на Скопје Сити Мол каде лојалните купувачи ги регистрираа своите фискални сметки со надеж дека токму тие ќе станат добитници на еден од 100-те вредни подароци. Кампањата “Скопје Сити Мол подарува” трае се до 12 октомври.

Со првиот роденден го отпочнавме проектот “Улица на уметноста” преку која имаме за цел да ги поддржиме и етаблираме младите и надежни творци од сите сфери на уметноста. Во овие иницијални три недели, простор за изложување им отстапивме на кретивните студенти по фотографија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Кампањата ќе се одвива во континуитет, во текот на целата година.

rodenden-za-pametenje-120-iljadi-posetiteli-za-rodendenot-na-skopje-siti-mol-03

rodenden-za-pametenje-120-iljadi-posetiteli-za-rodendenot-na-skopje-siti-mol-04

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Познати Македонци кои го започнаа лето 2025 со одмор во Турција – водни лудории со деца, уживање во ... Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум,...

Најчитани неделава