Каков изгледа погледот од становите во Џевахир Скај Сити?

Започнува продажбата на станови во Џевахир Скај Сити.

zapocnuva-prodazbata-na-stanovi-vo-dzevahir-skaj-siti-01

Скопје, 7 ноември 2013г., На денешната прес конференција, Џевахир Холдинг  го најави почетокот на продажба на становите во резиденцијалниот комплекс, Џевахир Скај Сити. Продажбата на становите во кулите  А и Б ќе започне на 08.11.2013г. Двете згради обезбедуваат вкупно 688 станови за кои структурната градба  е завршена. Сопствениците на становите ќе имаат можност да се вселат во своите станови во декември 2015г. Специјалната промотивна цена за метар квадратен  започнува од 1.100 евра  и се однесува на нето површината.

zapocnuva-prodazbata-na-stanovi-vo-dzevahir-skaj-siti-1

“Со почетокот на продажбата започнува нов период во културата на домување во Македонија. Под мотото ‘‘Живот без ограничувања‘‘ воведуваме  нов стил на живеење во најлуксузните станови во земјата,  со неверојатен поглед на Скопје, во уникатен резиденцијален комплекс кој претставува самостоен урбан центар.  Нудиме најсовремена опременост, функционалност и  беспрекорна услуга. Становите се опремени со вградена кујна и кујнски апарати, вклучувајќи рерна, шпорет, миркобранова печка, машина за миење садови, фрижидер, машина за перење и така натаму.

Со четирите  висококатни луксузни станбени кули и вкупно 1.376 станови, комплексот е навистина  ‘‘Град над градот”.

Во следните недели, во нашиот изложбен салон ќе претставиме и прототип на становите, со што изложбениот салон ќе биде единствен од таков вид во Македонија.  Во него, потенцијалните купувачи ќе можат самите да видат два од многуте станови кои ќе можат да ги купат, направени токму онака како што ќе бидат во кулите.  Со ова им обезбедуваме на нашите клиенти можност да видат, допрат и да го почувствуваат квалитетот на производите што ќе бидат употребени за становите.‘‘, рече г-дин Есер Џевахир, Генерален директор на Џевахир Холдинг.

zapocnuva-prodazbata-na-stanovi-vo-dzevahir-skaj-siti-2

5.600m2 на приземјето се наменети за спортски и рекреативни терени како сквош, пинг понг, 3 базени за сите сезони, фитнес и аеробик сали, гардероби и тушеви. Комплексот има 24/7 обезбедување и CCTV набљудување на заедничките простории и пристап со картичка до апартманите.

Завршувањето на првите две  кули е планирано за декември 2015г. Сопствениците кои ќе се вселат во овие две кули, можат да бидат мирни, бидејќи бучавата предизвикана од доградувањето на останатите кули ќе биде минимализирана затоа што стуктурната градба ќе биде завршена, а ќе се довршуваат само внатрешните работи. Трговскиот центар ќе биде завршен во првата половина на 2016г. а целиот проект ќе биде завршен најдоцна до крајот на 2017г.

Информации околу продажбата, можат да се добијат на телефонскиот број 02 155 11 или на мејл адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава