Бесплатна е-библиотека на македонскиот пишан збор

Скопје, 26.12.2013. Деновиве ”започна со работа” првата и единствена е-библиотека со дела од македонски автори.

besplatna-e-biblioteka-na-makedonskiot-pisan-zbor-1

Со едноставно и бесплатно зачленување на сајтот www.makedonika.mk имате пристап до дела од нашите преродбеници, македонските класици, одбрана детска литература, како и до многу дела од наши современици… Сите е-книги се бесплатни и се објавени во посебен формат, за што е развиен врвен софтвер.

Ова е единствена е-библиотека од овој вид во светот. Фондацијата за зачувување на македонското културно наследство Македоника стои позади овој проект од најголем национален интерес.

Придобивките се многубројни: од зачувување на сите дела што се од напроценлива важност за македонскиот јазик и македонската нација, преку обезбедување бесмртност на највредните дела од современата македонска литература, па сè до објавување дела од нови автори за кои јавноста допрва ќе дознае.

„Книга на ден” е мотото со кое Македоника се обврзува на своите читатели да им подари нова е-книга секој ден во годината. Бесплатна и достапна за сите.

besplatna-e-biblioteka-na-makedonskiot-pisan-zbor-2

Мисијата на Македоника е да се поттикне читањето кај сите генерации независно дали се наоѓаат во својата матична земја, дали се малцинство во некоја соседна држава или се дел од милионската дијаспора.

Преку истата платформа ќе се промовираат и неколку необјавени книги месечно, од многуте талентирани пишувачи, кои на овој начин побргу ќе се вивнат во македонското литературно небо. Илјадниците членови на Македоника ќе одлучат кој од овие автори ќе биде комета, а кој ќе се промовира во ѕвезда.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
8 најзгодни македонски спортистки - Извајани тела, дефинирани мускули, природна убавина Каратистки, фудбалерки, одбојкарки, атлетичарки... девојките кои со години профе...
Kaролина Гочева блеска на одмор, Антониа Гиговска во бикини на настап: Што прават македонските ѕвезд... Maртија Станојковиќ со бикини наопаку трендот блеска на плажа, Toше Зафиров на о...
Игор Џамбазов и Ива Спасовска на ручек во Дојран, Пaвле Камилоски со сестрите на јахта: Што прават н... Aктерот Никола Ристески со саканата, Едина Муса го покажа тенкиот струк по пород...

Најчитани неделава