Румба, самба, ча-ча-ча во првата емисија на „Танц со ѕвездите 2“

Веќе започна емитувањето на натпреварувачките емисии на шоуто „Танц со ѕвездите 2“. Во саботата и неделата од 20:00 часот настапуваа по 5 танцови двојки кои внесоа вистинска свежина и позитивна енергија во етерот.

rumba-samba-ca-ca-ca-vo-prvata-emisija-na-tanc-so-zvezdite-2-01

Наташа Мешковска и Роланд, Франц и Наде, Маријана Димовска и Боби, Мартин Јорданоски и Ивана, Стефан Лошковски и Симона настапија првата вечер и покажаа навистина атрактивни и весели кореографии кои беа скромно наградени од жирито.

rumba-samba-ca-ca-ca-vo-prvata-emisija-na-tanc-so-zvezdite-2-1

Втората вечер, пак, настапија: Наташа Илиевска и Даниел, Сара Мејс и Мишо, Влатко Илиевски и Марина, Димитар Атанасовски и Јована, Александра Накова и Илија кои се покажаа во уште подобро светло со многу сексапилни движења и сензуална енергија.

Жирито со малку повисоки оценки од претходната вечер им даде мотив уште повеќе да работат на себе и да се подобруваат.

rumba-samba-ca-ca-ca-vo-prvata-emisija-na-tanc-so-zvezdite-2-2

Со оглед на тоа што ова е прва емисија, а за секој танц имаат период од 5 дена во кој треба да го научат, очекувана и очигледна е вкочанетоста кај ѕвездите.

Но, според искуството од минатата година, се очекува до крајот да заблескаат во најдобро светло.

Погледнете дел од настапите и не заборавајте да гласате за вашите фаворити

Димитар и Јована


Стефан и Симона


Александра и Илија

Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава