Голема македонска инвестиција во нова палета здрави производи: „Натура“ - природата во чинија секој ден

Македонската компанија Макпрогрес инвестираше 3 милиони евра во 2013 година во два нови производни погони за кондиторски производи во Виница и производи во делот на здравословната исхрана во Скопје, како и 80 нови вработувања.

golema-makedonska-investicija-vo-nova-paleta-zdravi-proizvodi-natura-prirodata-vo-cinija-sekoj-den-01

Со инвестиција од еден милион евра во новата палета здравословни производи „Натура“, Макпрогрес го збогати своето портфолио на далеку познати производи на брендовите Винчини, Армониа, Сончева Долина и 30 други брендови. Во текот на оваа година, Макпрогрес планира и дополнителна инвестиција во производите „Натура“ од уште еден милион евра во проширување на капацитетите и асортиманот на производи.

Новиот бренд „Натура“ е создаден од совршен баланс на квалитетни, природни и внимателно одбрани состојки, традиција и најсовремена технологија кои со сигурност ќе придонесат за подобрување на вашето здравје и начин на живот во целина. Овој бренд содржи над 30 здрави производи поделени во категории: оризови плочки и барови, мусли и мусли барови, корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, жита и преработка од житарки, семиња, производи од соја, сушено овошје, зачини, засладувачи, десертни топчиња. „Натура“ гарантира врвен квалитет на своите нови производи кои се без растителни масти, богати со растителни и диететски влакна, одличен извор на витамини А, Ц, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, цинк, антиоксиданси. Овие производи не содржат генетски модифицирани состојки.

golema-makedonska-investicija-vo-nova-paleta-zdravi-proizvodi-natura-prirodata-vo-cinija-sekoj-den-02

„Месецов двете инвестиции ќе донесат на виделина педесетина нови производи во производното портфолио на Макпрогрес наменети за домашниот и за странските пазари. Нашата стратегија е насочена кон постојани подобрувања на постојните и развој на нови производи, а со постојаните вложувања да ја прошируваме палетата на производи за да може да ги задоволиме различните потреби и барања на нашите потрошувачи. Плановите за развој подразбираат и континуирана обука и доедукација на вработените па така за наредниот период очекуваме интензивни консултантски посети од странство заради доусовршување на производните процеси и подобрување на конкурентноста“ – изјави Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес.

Минатата година беше една од најуспешните години во работењето на Макпрогрес Виница со остварени рекордните резултати од продажбата на домашен пазар и на странските пазари. Вкупниот промет за прв пат надмина 20 милиони евра, а произведени се 10.000 тони готови производи од кои 70% се извезени на пазарите на 42 држави низ светот. Компанијата брои над 400 вработени.

golema-makedonska-investicija-vo-nova-paleta-zdravi-proizvodi-natura-prirodata-vo-cinija-sekoj-den-03

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...

Најчитани неделава