Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција луксузни чанти и чевли
- Детали
- среда, 09 јули 2025
MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чевли, чанти и шешири на Аделина е огромна и кога оди на летен одмор, а сама се пошегува: „Јас кога ќе ме прашаат дали носам многу облека - не, само еден мал куфер“.

Аделина Тахири ужива во „вечниот одмор“ и патувањата, а овој пат, таа замина на летен одмор со семејството во Бодрум, Турција.
На Инстаграм Стори таа го покажа погледот кој одзема здив од нејзината хотелска соба, а објави и неколку фотки од неа во бикини, како и заеднички со синот.

Таа не пропушти шанса да се пофали и со својата колекција луксузни чанти и чевли, а ги изненади фановите со тоа колку многу модни додатоци носи кога е на одмор.
„Кога ме прашуваат дали обично носам многу облека на патувања - Јас: Не, само еден мал куфер“ - напиша таа на видеото на кое се гледаат нејзините чевли, чанти и други додатоци наредени на полици.

MiuMiu шешир од околу 800 евра, Hermès летна чанта од околу 1.100 евра, еспадрили Valentino Garavani од 980 евра, Chanel плетена чанта од околу 6.000 евра, Celine торбичка од околу 900 евра, Chanel влечки и сандали и уште многу други брендирани аксесоари се само дел од работите кои таа ги покажа.

Цените на овие модели се оние кои моментално може да се најдат за нив на онлајн сајтовите за продажба, но сепак, не мора да значи дека се купени по истата, бидејќи може да варираат зависно големината, периодот на купување, попустите, места на продажба, а дел од нив се истите кои лани ги носеше во Дубаи.
Прочитајте и Чанта од 35.000 евра, влечки за плажа од 2.000 евра – Луксузниот стил на Аделина Тахири на патувањето во Дубаи
фотографии од одморот во 2024
Аделина уште еднаш покажа дека е вљубеник во модата, а на секое патување таа изгледа како да е на модна писта, со менување на најразлични аутфити - од лежерни до елегантни за вечерни излегувања и тренди за на плажа.
Повеќе фотки кои досега ги објави од Бодрум:







М. М. | Црнобело
