Францускиот институт во Скопје прослави 40 години на креативна размена меѓу Франција и Македонија

Во пригодна атмосфера и во присуство на многу пријатели, соработници и гости Францускиот институт во Скопје синоќа го прослави својот 40ти роденден, но како самите тие милуваат да кажат ова беше одбележување на 40 години плодна и успешна креативна соработка меѓу нашата земја и Франција.

francuskiot-institut-vo-skopje-proslavi-40-godini-na-kreativna-razmena-megu-francija-i-makedonija-02

„Ни претставува особена чест да го одбележиме нашето 40 годишно континуирано присуство во Македонија и да ја прославиме плодната културна размена и добрите односи кои ги негуваме со вас. Досега имаме остварено бројни парнерства, проекти, фестивали и активности сакајќи што повеќе да ја доближиме француската култура и општеството  на овие простори. Се надеваме дека успеавме во тоа и дека и во иднина ќе продолжиме да го надоградуваме пријателството и партнерството преку размена на културните практики на двете земји“, изјави г-дин Жан-Ив Лавоар, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка при Амбасадата на Франција.

francuskiot-institut-vo-skopje-proslavi-40-godini-na-kreativna-razmena-megu-francija-i-makedonija-01

Францускиот институт во Скопје е еден од најважните актери на македонската културна сцена. Преку филмовите, музиката, театарот, книжевните средби, дебати и бројни други активности нивното делување има за цел  да го претстави и доближи  современото француско творештво на овие простори и да црпи повратна инспирација од нашата култура.

Доказ за нивната успешна сорабтока со Македонија  се бројните активности и настани  кои многу брзо се најдоа на мапата на најважните културни случувања кај нас.

Специјално по повод 40 години постоење на Францускиот институт во Скопје, како најстара странска културна институција во Македонија, беше изработено видео од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје:

Иститот е достапен и на нивната веб страница  www.ifs.mk: „40 години со вас!“

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава