Незаборавно журкање како во откачените 80ти

Деценијата која сите ја сакаме се врати во Скопје за една вечер благодарение на Urban Club. Околу 600 скопјани вчера повторно лудо се забавуваа како во 80тите години.

nezaboravno-zurkanje-kako-vo-otkacenite-80ti-01

Локацијата Bo Bowling одлично одбрана за да ја долови енергијата на откачената декада. Драган Б. Костиќ и Зоки Бејбе со своите сетови ги однесоа сите 30 години назад во времето, а Сашко Коцев со стенд ап настап и својот уникатен хумор ги загреа сите за журкање.

Покрај добра музика, куглање и добро смеење, Urban Club и визуелно ги врати присутните во 80тите преку ретро- дрескодот на гостите. Вчеравечер беше забавно да се потсетиме на лудата мода на 80тите, ерата на познатите “потпунки”, облека во спектар на виножитото, тапирани коси и кремче шишки.

nezaboravno-zurkanje-kako-vo-otkacenite-80ti-04

Во вакви модни комбинации шизењето беше ултра забавно, особено кога Прима Данца ја вжешти атмосферата со настап на темите од Footloose, Ghostbusters и Thriller.

Успехот и на оваа забава за Urban Club е показател дека тој решително ќе продолжи да се бори со монотонијата на ноќниот живот во градот и ќе организира и натаму возбудливи, не-клише настани со несекојдневни концепти.

nezaboravno-zurkanje-kako-vo-otkacenite-80ti-02

nezaboravno-zurkanje-kako-vo-otkacenite-80ti-03

nezaboravno-zurkanje-kako-vo-otkacenite-80ti-05

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава