Стопанска банка АД – Скопје поставува регионални стандарди за заштита на клиентите при e-commerce трансакции

Банката стана прв корисник на напредниот информациски производ од VISA кој нуди моќна превенција од злоупотреба при online плаќања и минимизирање на пречки во e-commerce трансакциите.

stopanska-banka-ad-skopje-postavuva-regionalni-standardi-za-zastita-na-klientite-pri-e-commerce-transakcii

Скопје, 02.06.2014 Стопанска банка АД – Скопје е горда што стана прв корисник во целиот CEMEA регион (Central Europe Middle East and Africa) на напредниот информациски производ од VISA кој им помага на корисниците да ги намалат ризиците од злоупотреба при e-commerce трансакции користејќи анализа на ризик во реално време. Сервисот е наречен VCAS (Visa Consumer Authentication Service) и е дизајниран за беспрекорна поддршка на 3D Secure (three domain secure) програмот како што е Verified by VISA или MasterCard Secure Code. Овој сервис е достапен единствено и бесплатно за сите VISA и MasterCard платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје.

VCAS го потврдува идентитетот на клиентот пред процесот на авторизација, додавајќи моќно ниво на заштита против злоупотреба. Како што клиентот го започнува процесот на плаќање, решението прави проценка на ризикот во реално време базиран на бројни параметри вклучувајќи ги информациите за трансакцијата, типот на уредот како и историските навики на трошење. Крајниот резултат е дека Банката издавач на картичката ќе може да реализира e-commerce трансакции со намален ризик без притоа да налага од клиентот секоја трансакција да биде авторизирана со лозинка или слично. Решението ги намалува причините за прекин или откажување во процесот на плаќање од страна на клиентот, додека во исто време им помага на трговците и издавачите на картички да ги намалат загубите од евентуални измами.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава