Бесплатна тура низ музеите во Скопје за сите љубители на уметноста

Еднодневна организирана и бесплатна посета на најзначајните музеи и галерии во Скопје за граѓаните на Македонија, насловена „Мапа на културата“  ќе се одржи во недела, 21 септември 2014 год, во организација на компанијата „Еуролинк осигурување“.

besplatna-tura-na-muzeite-vo-skopje-za-site-ljubiteli-na-umetnosta-01.jpg

Проектот подразбира организирана посета на Музејот на Македонија,  Музејот на современа уметност,  Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија и  Национална галерија (Даут-пашин амам) кои се вклучија во проектот  „Мапа на културата“, a чии кустоси ќе ги водат посетителите низ постојните музејски постановки.

Сите заинтересирани ќе можат да се пријавуваат од денеска, 12 септември до 19 септември 2014 год. на Facebook профилот на Еуролинк осигурување.

Предвидени се две ротирачки групи кои стартуваат од 10.00 часот од Порта Македонија. За секоја од двете групи „Еуролинк осигурување“ обезбеди професионални водичи кои ќе ги водат учесниците од една до друга културна институција низ градот Скопје, овозможувајќи им едно несекојдневно искуство и “туристичко“доживување на главниот град.

Неколкучасовната обиколка претставува и уникатна можност учесниците да ги чујат интересните приказни за плоштадот Македонија, Камениот мост, Скопското кале и Старата скопска чаршија, за импозантните градби и споменици на културата преку можноста за прашања и дискусии со водичите на турата.

“Мапа на културата” е дел од платформата за општествена одговорност “Еуролинк- Вашата врска со вистинските вредности” чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура и уметност.

Целта на проектот “Мапа на културата“ е промовирање на музејските институции и нивните програми, како и запознавање со музејското и културно наследство на Република Македонија.

Исто така, бесплатната еднодневна музејска тура има за цел да ги анимира учесниците, да ги забавува и да ги поттикне на дискусија. Наменета е подеднакво за оние кои прв пат ги посетуваат музеите, но и за оние кои веќе ги посетувале музејските коплекси во главниот град.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg