Адвертајзинг фестивалот „Golden Drum“ и Македонски Телеком ги објавија младите победници на натпреварот „Young Drummers“

Петар Стојчевски и Елена Божиновска се младите креативци од Македонија кои ги креираа најдобрите постер-решенија на тема: “Стоп за пишување на мобилен додека возите”.

advertajzing-festivalot-golden-drum-i-makedonski-telekom-gi-objavija-mladite-kreativci-pobednici-na-natprevarot-young-drummers-01.jpg

Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот „Golden Drum“(7-10 октомври, 2014 година Порторож, Словенија) со поддршка и партнерство на Македонски Телеком за првпат во Македонија се организираше натпреварот „Young Drummers“ на кој беа поканети сите млади креативци да земат учество.

На натпреварот првата награда му припадна на Петар Стојчевски, кој од објективни причини нема да биде во можност да патува, па затоа второ наградената Елена Божиновска ќе го прифати предизвикот да замине во Порторож.

Елена ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за овој реномиран фестивал.

„Навистина сме пријатно изненадени од големиот број на креативни решенија кои пристигнаа и одлуката не беше лесно да се донесе кому ќе му припадне првата награда. Ова особено не радува бидејќи ја покажува силната кретивна моќ на младите дизајнери како и мотивот да се учестугва на едне ваков натпревар. И посакувам на Елена среќен пат и се надевам дека учеството на „Golden Drum“ за неа ќе биде позитивно искуство кое ќе ја инспирира во понатамошната работа“, изјави Андреј Павловски, амбасадор на „Golden Drum“ за Македонија. 

advertajzing-festivalot-golden-drum-i-makedonski-telekom-gi-objavija-mladite-kreativci-pobednici-na-natprevarot-young-drummers-2.jpg

Како општествено одговорна компанија Македонски Телеком се почувствува засегната кога е во прашање темата безбедност во сообраќајот, која честопати знае да биде загрозена од несоодветното користење на мобилните уреди и сервисите кои ги нуди, па затоа преку овој натпревар целта беше да се подигне свеста, пред сè, кај помладата популација за опасностите кои демнат доколку се користат мобилните уреди додека се управува со воланот.

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Сања Николиќ и синот играат - Слаткар ги снима, Елена Велевска во подморница во Охрид: Што прават на... Бока Конга чука на конгите, а Србинките го гледаат со подотворени усти... Низа в...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дув... Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од...

Најчитани неделава