„Близу“ го прослави третиот роденден со нови екслузивни канали, нов 3 Плус Делукс пакет и промотивни настани

Со осумте нови филмски, спортски и забавни канали од Film Box платформата  „Близу“ станува оператор кој во своето портфолио брои над 150 дигитални канали од кои дури 20 се во HD резолуција.

blizoo-go-proslavi-tretiot-rodenden-so-novi-ekskluzivni-kanali-nov-3-plus-deluks-paket-i-promotivni-nastani-01.JPG

Во пресрет на својот трет роденден, телекомуникацискиот оператор „Близу“ промовира бројни новости, меѓу кои и промоција на екслузивните Film Box канали, кои за првпат се емитуваат на територијата на Република Македонија.

Каналите Film Box Plus, Film Box HD, Film Box Arthouse, Docu Box HD, Fight Box HD, Fast & Fun Box HD, Erox и Eroxxx HD корисниците на дигитална телевизија кои поседуваат КА модул или HD ресивер ќе можат да ги следат бесплатно до 1.1.2015 година.  

Покрај новите канали, кои во голем дел вклучуваат македонски преводи, операторот го промовираше роденденскиот пакет „3 Плус Делукс“, во кој се вклучени комплетните услуги на „Близу“ - дигитална телевизија со вклучени дополнителни пакети: Тринг, Супер, Супер Плус; Неограничен интернет со брзина од 15 Mbps, фиксна телефонија со вклучени 250 минути во претплатата и неограничени разговори во мрежата на „Близу“, бесплатна опрема како и бесплатен втор КА модул или ресивер.

“Пред точно три години имавме огромен предизвик пред нас. Денес, со огромно задоволство објавуваме дека предизвикот на либерализирање на телекомуникацискиот пазар е успешно завршен. Придобивките од таа либерализација директно ги чувствуваат нашите корисници- освен ниските цени за врвни услуги, констатно работиме и на зголемување на квалитетот на веќе постоечката понуда: постојано зголемување на бројот на канали, постојано зголемување на интернет брзините до крајните корисници, постојана и исклучително посветена грижа за корисници. И понатаму продолжуваме со исто темпо на инвестирање во нашата мрежа и во нашите ресурси. Навистина од се срце им благодариме на сите оние чија доверба не направи прв избор за оператор во Македонија. ” изјави Искра Секуловска, Маркетинг Директор во „Близу“.

„Близу“ својот роденден го прослави со настани низ своите продажни салони, на кој сите посетители на салоните беа топло пречекани со изненадувања и подароци.

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
„Минче ти си пример како едно девојче треба да се бори“ - Весна Петрушевска емотивна за 21-иот роден... „Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограм...

Најчитани неделава