„Минче ти си пример како едно девојче треба да се бори“ - Весна Петрушевска емотивна за 21-иот роденден на ќерката
- Детали
- среда, 12 ноември 2025
„Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограми. После сите битки, после сите страшни работи, денес Минче студира, а јас сум најсреќен човек на свет“ – пишува Весна Петрушевска, која заедно со својата мајка, го прославија 21-иот роденден на ќерката Мина.

Ќерката на Весна Петрушевска, Мина, која некој период живее во Дубаи, наполни 21 година.
Наместо да шетаат некаде, како што првично планирале, тие сепак одлучиле овој ден да го прослават тука, во кругот на најблиските.
Весна објави фотографии со ќерка ѝ и со својата мајка Сашка Петрушевска и покажа дека уживаат во женското семејно друштво, a славеничката дувна и свеќичка.


Трите генерации од семејството прославија во италијански ресторан во Скопје, а со нив беше и кучето на Весна, Минки, кое неодамна доби количка за прошетки.
Во описот на видеото составено од повеќе фотки, таа напиша:
„Имавме планови да се шетаме за овој роденден, сепак ни беше најважно да сме трите заедно.
Минче пиле мое среќен 21 роденден и ти навистина си пример како треба едно девојче да се бори и да се избори.
Мина ти си цар. Ти си сонце кое ја чуваш баба, ти си Божји дар за мојата насмевка и светлина која чекори“.

Инаку, Весна изминатиот период имаше неколку операции заради рак на дојка, а се соочи и со страв за животот на ќерка си која минатата година имала здравствена ситуација.
Сега тие посебно ги ценат заедничките моменти и не пропуштаат шанса да го поминат времето сплотени.
Погледнете го видеото во кое Весна како наратор вели:
„Мина денес наполни 21 година. Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограми.
После сите битки, после сите страшни работи, денес Минче студира, а јас сум најсреќен човек на свет“.
Прочитајте и Весна Петрушевска со трогателна исповед: „Не знаев дали Мина ќе се разбуди од кома или не“
М. М. | Црнобело
