Посетете го “Глобално село“

aiesec-globalno-selo-povekjeАИЕСЕК Македонија, со цел да го афирмира македонскиот национален идентитет, нашата вековна историја и култура, организира Глобалното...

 

...село, на кое ќе го донесе дел од светот во Македонијa. Пошироката јавност ќе има можност да го слушне гласот на енергичната и неуморна младина, горда на своето потекло.

Делегатите од сите земји учеснички ќе престојуваат во нашата земја 6 дена. Со централниот настан - Глобално село, кој ќе се случува денес од 10:30 до 13:00 часот, Економскиот факултет - Скопје ќе биде местото на кое многу учесници од многу земји, ќе ја прикажат културата, традициите, храна и пијалоци се со цел подобро да ги презентираат земјите од каде што доаѓаат.

Учеството ќе биде навистина разнолико, со тоа што е потврдено присуство на делегати од земји како САД, Перу, Хрватска, Казакстан, Турција, Бугарија, Полска, Русија, Романија, Босна и Херцеговина, и многу други.

Програмата со слична содржина продолжува во Прилеп на 23 септември (среда), а потоа и во Охрид на 24 септември (четврток), каде што се наоѓаат останатите локални комитети на АИЕСЕК Македонија.

Парелелно со овој настан АИЕСЕК Македонија врши регрутација на нови членови. Сите заинтересирани студенти можат да ја посетат страната www.aiesecskopje.org.mk за подетални информации.

aiesec-globalno-selo

Погледнете како изгледаше Глобалното Село пред 2 години на плоштадот Македонија.

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска направи роденденска забава за синот - Спајдермен журка и торта на 5 ката за Дарен Пејачката Тамара Тодевска сподели дел од роденденската атмосфера и покажа како с...
Бајковита свадба во Скопје со тема „мала Италија“, уникатни детали и олдтајмер со отворен покрив (фо... „Уште одамна знаевме дека ќе се заколнеме на вечна љубов, но до овој м...
Македонка го посети најсиромашниот кварт во Кенија: „Бев во африканско гето, каде ако некој нешто ук... „На една страна од градот Најроби го имаш најголемиот луксуз, исто како да се на...
Ги испеаја најубавите песни: Како изгледаа нашите поп-диви во младоста? „Бато“, „Бакни ме“, „Многу солзи исплакав“, „Ангели ме носат“, „Свирете ја зајди...
Позитива на денот: Танчари од Азија играат на брегот на Охридското Езеро на зајдисонце - минувачите ... „Најверојатно се од Кина и играат пред охриѓани и пред туристиве веќе 3 дена по ...
Направи сам: Креативна Македонка од старите фармерки си направи нов кул модел (видео) Кога има креативност и желба за експериментирање, тогаш од старите фармерки може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg