Тамара Тодевска направи роденденска забава за синот - Спајдермен журка и торта на 5 ката за Дарен

Пејачката Тамара Тодевска сподели дел од роденденската атмосфера и покажа како се забавуваат и децата и гостите, но и моментот кога Дарен ги дува свеќичките на тортата.

tamara-todevska-napravi-rodendenska-zabava-za-sinot-spajdermen-zhurka-za-daren-01.jpg

Синот на Тамара Тодевска, Дарен, наполни 5 години. Роденденот го прослави вчера (12.12) во игротека во Скопје, со многу другарчиња, но и со неговите омилени суперхерои - Спајдермен и Супермен.

И роденденската торта за Дарен на пет ката беше во тој стил - со Спајдермен, свеќички и прскалки.

tamara-todevska-napravi-rodendenska-zabava-za-sinot-spajdermen-zhurka-za-daren-035.jpg

Тамара преку фотки и видеа на Инстаграм Стори сподели дел од роденденската атмосфера и покажа како се забавуваат и децата и гостите, но и моментот кога Дарен ги дува свеќичките на тортата.

tamara-todevska-napravi-rodendenska-zabava-za-sinot-spajdermen-zhurka-za-daren-03_copy.jpg

Уште утрото, Тамара откри дека му е роденден на Дарен, па објави фотографија на која тој држи торта во форма на срце со порака „Те сакам“ и бројката 5.

„Среќен роденден пиле мамино“, напиша пејачката на фотографијата.

tamara-todevska-napravi-rodendenska-zabava-za-sinot-spajdermen-zhurka-za-daren-04.jpg

Дарен е помалото дете на Тамара. Таа ја има и ќерката Хана.

tamara-todevska-napravi-rodendenska-zabava-za-sinot-spajdermen-zhurka-za-daren-02.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...

Најчитани неделава