СКОПСКО Темно за сите пивски сладокусци во Македонија

Пивскиот бренд со најдолга традиција во земјата – СКОПСКО доби нова екстензија на брендот, втора во последните две години. Најновата инвестиција на Пивара Скопје АД во развојот на пивската култура во Македонија и домашната индустрија е СКОПСКО Темно.

skopsko-temno-za-site-pivski-sladokusci-vo-makedonija-1.jpg

„Респектирајќи го огромното значење на СКОПСКОза домашната пивска индустрија, неговата репутација кај љубителите и неговите вредности како бренд кои се препознаени и прифатени од зедницата, одлучивме дополнително да вложиме во неговиот развој. Со инвестицијата во новото СКОПСКО Темно, Пивара Скопје ја потврдува својата долгорочна стратегија и огромна посветеност на развојот на домашниот пазар на пиво, а со тоа и на својот придонес кон развојот на македонската економија“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ, потенцирајќи дека успешното лансирање на единственото домашно темно пиво на пазарот е резултат на „огромните напори  и залагања на вработените во Пивара Скопје“.

Покрај темната махагони боја, која произлегува од двојно печениот јачменов слад, новата бренд екстензија на СКОПСКО поседува и други уникатни карактеристики, како што е богатата и цврста пена која овозможува задржување на неговата свежина и богат вкус со заокружен благо горчлив финиш, со што потсетува на најпознатите баварски пива, без притоа да загуби од својата автентичност.

СКОПСКО Темно се произведува по оригинален рецепт на пивските мајстори во Пивара Скопје. Тоа претставува совршен микс на квалитетни природни состојки: темен јачменов слад, хмељ, квасец и вода; најсовремена технологија и големо искуство, знаење, љубов и страст кон пивото. Убеден сум дека со ваква уникатна комбинација новото македонско темно пиво ќе биде вистински хит меѓу пивските сладокусци во земјава“, вели менаџерот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Водејќи се од искуствата во земјите со долга и богата пивска традиција, СКОПСКО Темно ќе биде достапно на пазарот претежно во зимскиот период, кога консументите преферираат темни пива со исклучително богат вкус. 

„СКОПСКО секогаш бил двигател и предводник во воведувањето новини на пазарот во Македонија. СКОПСКО Темно е подарок за нашите потрошувачи, кои се верни на овој бренд 90 години и е производ кој ќе помогне во развој на целата пивска категорија“, изјави комерцијалниот директор на Пивара Скопје, Витсе Мутерс.

Новото СКОПСКО Темно,произведено во Пивара Скопје, ќе биде достапно за сите љубители на пивото во земјава во повратна стаклена амбалажа од 0,3 и 0,5 литри, како и точено, по конкуретна цена која одговара на врвниот квалитет на ова уникатно пиво.

skopsko-temno-za-site-pivski-sladokusci-vo-makedonija2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава